ДОДАТОК ЗА BBM CHANNELS

Добредојдовте во BBM Channels, карактеристика за социјална мрежа во BBM со која ќе ја проширите мрежата на пријателства надвор од кругот на семејството и пријателите, која ви овозможува да се поврзете со луѓе, заедници и брендови што Ве интересираат. Ако ја употребувате услугата BBM на платформата BlackBerry, BBM и BBM Channels се дел од вашата услуга BlackBerry Solution, како што е дефинирано во одредбите и условите од Договорот за лиценца за BlackBerry Solution ("BBSLA"),што го регулира Вашето користење на софтверот и услугите од Вашата BlackBerry Solution и во кој Вие веќе сте договорна страна. Ако користите BBM на платформа што не е BlackBerry, BBM и BBM Channels се дел од Вашата услуга BBM Solution, како што е дефинирано во Одредбите и условите за BBM ("BBM ToS"), кој го регулираат Вашето користење на BBM Solution и во која Вие веќе сте договорна страна. Терминот "Договор за BBM" во овој Додаток се однесува на BBSLA или BBM ToS по кои се водите кога ја користите услугата BlackBerry Solution или BBM Solution. Ако се регистрирате за да ja употребувате услугата BBM Channels преку веб порталот BBM Channels, терминот "Договор за BBM" се однесува на BBM ToS. Ако немате копија од потребниот договор за BBM за вашето место на живеење, можете истата да ја земете од www.blackberry.com/legal.

Иако Договорот за BBM се однесува на BBM Channels, при што станува дел од Вашата услуга BlackBerry Solution или BBM Solution, овој додаток воведува дополнителни одредби и услови што се однесуваат на Вашето користење на услугата BBM Channels. Договорот за BBM, надополнет и изменет со овој Додаток, се нарекува "Одредби за BBM Channels". Во случај на конфликт меѓу Договорот за BBM и овој Додаток за BBM Channels, ќе надвладеат одредбите од Додатокот.

ОДРЕДБИТЕ ЗА BBM CHANNELS СТАНУВААТ ОБВРЗУВАЧКИ ДОГОВОР МЕЃУ ВАС: ИНДИВИДУАЛНО, АКО СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО НИВ ВО СВОЕ ИМЕ; ИЛИ АКО СТЕ ОВЛАСТЕНИ ДА ЈА КОРИСТИТЕ УСЛУГАТА BBM CHANNELS ВО ИМЕ НА ВАШАТА КОМПАНИЈА ИЛИ ВО ИМЕТО НА ДРУГ ЕНТИТЕТ, МЕЃУ ЕНТИТЕТОТ ВО ЧИЈА КОРИСТ ДЕЈСТВУВАТЕ (ВО ОБАТА СЛУЧАИ, "ВИЕ", ВО ВРСКАСОВИЕИЛИ"ВАШЕ"), И ПРАВНИОТ ЕНТИТЕТ BLACKBERRY СО КОГО СТЕ СКЛУЧИЛЕ ДОГОВОР ЗА BBM ("НАС" или "НИЕ"), КОГА СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВОЈ ДОДАТОК ЗА BBM CHANNELS ПРЕКУ КЛИКНУВАЊЕ НА "СЕ СОГЛАСУВАМ" ПОДОЛУ. АКО НЕ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ДА СЕ СОГЛАСИТЕ СО ОДРЕДБИТЕ ЗА BBM CHANNELS, НЕ ВИ Е ДОЗВОЛЕНО ДА ЈА КОРИСТИТЕ УСЛУГАТА BBM CHANNELS. Сите термини во овој додаток што се со големи букви, а не се дефинирани во него, го имаат значењето како во Договорот за BBM.

1. СОЗДАВАЊЕ НА КАНАЛ НА BBM.

1.1 Според Одредбите за BBM, можете да ја употребувате услугата BBM Channels за да создадете и да управувате со единствен BBM канал ("Канал") за бренд, организација, настан или поединец за кого сте овластен претставник. СО СОЗДАВАЊЕТО НА КАНАЛ, ВИЕ ТВРДИТЕ И ГАРАНТИРАТЕ ДЕКА ИМАТЕ ОВЛАСТУВАЊЕ ДА СОЗДАДЕТЕ И ДА УПРАВУВАТЕ СО КАНАЛ ВО ИМЕ НА ТАКОВ БРЕНД, ОРГАНИЗАЦИЈА, НАСТАН ИЛИ ПОЕДИНЕЦ.

1.2 Можете да создадете Kанал за да изразите поддршка или интерес за бренд, организација, настан или поединец, се додека тоа го правите на начин на кој: (i) не сугерирате дека вашиот Kанал е создаден од страна на таквиот бренд, организација, настан или поединец; (ii) не сугерирате дека Вашиот Kанал е промовиран или овластуван од еден таков бренд, организација, настан или поединец, доколку Вашиот Kанал нема таква поддршка или овластување; (iii) немате намера да ги заведете, збуните или измамите останатите; и (iv) не ги повредувате правата на таквиот бренд, организација, настан или поединец, вклучително и заштитниот знак, авторското право или публицитетот.

1.3 Вашето име и информациите за контакт, името на Вашиот Канал и сите други профилни информации или описи што ги давате кога се регистрирате за Канал, или поинаку сте ги вклучиле во Каналот, мора да бидат вистинити и мора прецизно да ја отсликуваат намерата. Името на вашиот Канал мора да биде специфично, а не генеричко (на пример, храна, автомобил).

1.4 Не можете да создавате или да употребувате Канали со намера да ги нарушувате или злоупотребувате. Без ограничување на претходно споменатото, не можете да отворите еден или повеќе Канали за да спречите другите да употребуваат такви Канали, да ги продавате Каналите или имињата на Каналите, или поинаку да се вклучувате во "запоседнувањето" на еден Канал.Ние го задржуваме правото да отстраниме или суспендираме Канали со кои се прекршуваат Одредбите за BBM Channels или политиките што ги објавуваме во врска со употребата на BBM Channels, или Канали кои не се активни. Исто така, го задржуваме правото да префрлуваме неовластени Канали, имиња на Канали, идентификации на Канали и/или администраторски права на Каналот на одреден бренд, организација, настан или поединец или на нивниот овластен претставник, за кого оправдано сметаме дека има право на името на Каналот, или да отвори и да управува со Канал за таков бренд, организација, настан или поединец.

1.5 Штом Вашата регистрација за Каналот се прифати, можете да објавувате и да прикажувате содржина (дефинирано со Договорот за BBM), релевантна за брендот, организацијата, настанот или поединецот, присутни на каналот. Постирањето и прикажувањето содржина во еден Канал не пренесува сопственост над таа Содржина, но со тоа ни давате нам и на нашите филијали дозвола за таквата Содржина, како што пишува во Договорот за BBM, со која ние и нашите филијали ќе овозможиме Содржината да биде дел од услугата на BBM Channels. Исто така, нам и на нашите филијали ни давате неексклузивна дозвола на светско ниво и без надоместок, сè додека постојат Каналите, да ја репродуцираме и јавно да ја прикажуваме вашата содржина, неограничувајќи се на името на Каналот, сликите, логоата, иконите и заштитните знаци ("Знаци") во секаков медиуми, познати или нови, за да ја промовираме услугата BBM Channels, со претходна ваша согласност, која ќе биде дадена во разумно време и без одложување. Прифаќаме и се согласуваме дека немаме право, сопственост или интерес на вашите Знаци (освен правото да ги употребуваме истите во согласност со одредбите и условите од Одредбите за BBM Channels), и понатаму се согласуваме дека секое право, сопственост или интерес за такви Знаци ќе биде Ваше. Освен тоа, при употребата на Вашите Знаци за да ја промовираме услугата BBM Channels нема: (i) да ги модифицираме Знаците, освен ако постои недвосмислена дозвола од Вас и е во согласност со процесот опишан погоре; (ii) да ги комбинираме Знаците со други Знаци или да составуваме мешавина од нив; или (iii) да правиме нешто со кое ќе ги компромитираме Вашите права на Знаците.

1.6 Прифаќате и се согласувате, дека, Вашиот Канал може да биде пронајден од страна на секој корисник на BBM Channels (освен ако одберете да го направите Каналот приватен преку нагодувањата) и дека, содржината на Вашиот Канал ќе биде јавна и ќе може да ја види секој што ќе се претплати на вашиот Канал ("Претплатници"), или кој ќе го гледа вашиот Канал и неговите содржини.

1.7 Иако ви даваме можност да создадете Канал, одговорноста за неговото управување и користење, вклучително и за Содржината и интеракцијата со претпланиците е целосно Ваша.

1.8 Ако обезбедувате или нудите понуди или барања("Понуда") за претплатниците, вклучително преку врска или URL до одделна веб-страница што содржи детали за Понудата, без ограничување во Одредбите за BBM Channels, ќе важи следното:

(a) Можете да нудите само производи или услуги за кои сте трговец, овластен препродавач или производител;
(б) Мора да се осигурите дека Понудата е во согласност со сите применливи закони, регулативи и правила;
(в) Морате јасно да ги поставите одредбите и условите за вашата Понуда, вклучително и сите рестрикции и рокови;
(г) Не може да изјавувате или да имплицирате дека ние сме поврзани на каков било начин со Вашата Понуда, при што пренасочувањето на корисник кон веб-страница или услуга нудена од нас, како BlackBerry World, нема да значи прекршување на ова;
(д) Одговорноста за исполнувањето на Понудата е само ваша и се согласувате, доколку побараме од вас, да не' одбраните од какви било побарувања или тужби поврзани со Вашата Понуда и да нè обештетите за какви било загуби, долгови и трошоци (вклучително и разумни судски трошоци) што сме ги претрпеле или се настанати во врска со вашата Понуда; и
(ѓ) Не сме одговорни за какви било несоодветни откупи, измами или други проблеми што произлегуваат од Вашата Понуда.

1.9 Доколку добиете пристап или собирате лични идентификациски информации директно за Вашите Претплатници, тогаш мора да ги почитувате законите за приватност и заштита на податоци, вклучувајќи го без ограничување, јавното објавување на Вашата политика за приватноста пред вашите Претплатници, каде јасно ги советувате какви информации собирате и за која намена и должни сте да добиете согласност од нив како што тоа го пропишуваат законите и регулативите.

2. ПРЕТПЛАТУВАЊЕ И ОБЈАВУВАЊЕ КОМЕНТАРИ НА КАНАЛ.

2.1 Кога ќе станете Претплатник на Канал, вие прифаќате и се согласувате дека:

(a) сопственикот на Каналот може да ви испраќа содржина, понуди, информации за промоции или друг вид на комуникација во BBM. Ве молиме да ги погледнете нагодувањата и опциите за Каналот околу достапните начини за контролирање на добивањето такви информации од сопственикот на Каналот и како да се откажете од Каналот доколку не сакате повеќе да комуницирате;
(б) одредени информации за Вас, како прикажаното име и сликата на профилот, се достапни само за сопственикот на Каналот и какви било лични информации дадени на сопственикот на Каналот ќе бидат предмет на важечката политиката за приватност на сопственикот на Каналот;
(в) доколку администраторот на Каналот овозможил, можете да давате коментари и да индицирате дали одобрувате одреден пост и/или коментар на Каналот ("Коментари") и/или да разговарате со администраторот на Каналот. Вашите Коментари и разговори треба да бидат сведени на темата објавена на Каналот и мора да бидат во согласност со Стандардите за интернет заедницата на BlackBerry, кои може да ги погледнете на www.blackberry.com/legal/communitystandards;
(г) Вашите Коментари и секој избор што ќе го направите во рамките на услугата BBM Channels со кое ќе го покажете вашето одобрување на пост или коментар ќе биде јавно прикажано и ќе биде видливо од другите Претплатници на Каналот, како и од останатите кои можат да го гледаат каналот и неговите содржини (на пример, администраторите на Канали), може да биде споделувано од другите Претплатници со нивните BBM контакти и може да биде отстрането од администраторот на Каналот. Поради оваа причина, изречно препорачуваме да не вклучувате какви било лични информации во вашите Коментари или во Разговорите со сопствениците на Канали; и
(д) Вашето име што се прикажува на BBM и вашата профилна слика ќе бидат прикажани заедно со сите Коментари што ги оставате на Каналот. Освен тоа, Каналите на кои сте се претплатиле ќе бидат видливи за тие што можат да го видат вашиот профил, вклучително и вашите BBM Контакти и тие на кои сте им пратиле покана да станат ваши BBM Контакти. Може и да ви препорачаме канали што се можеби од ваш интерес, врз основа на Каналите на кои Вие и Вашите BBM Контакти сте се претплатиле, и според останатите информации поврзани со Вашиот BBM профил и BlackBerry ID, и можеме да индицираме преку поканите за претплата за Канал што се испраќаат до Вашите BBM контакти, дека сте се претплатиле на тој Канал. Доколку не сакате повеќе одреден Канал да се појавува во Вашиот BBM профил, можете да се отпишете од истиот.

3. ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕТО. Дополнително на Договорот за BBM во кој Вие веќе сте договорна страна, но без ограничување на него, се согласувате дека:

3.1 Целосно сте одговорни за Содржината и за Коментарите што ги објавувате на некој од Каналите. Ние немаме контрола над Содржината и Коментарите и не гарантираме за точноста, интегритетот или квалитетот, но и не сносиме одговорност за таквата Содржина или Коментари. Користењето или потпирањето на каква било Содржина или Коментари е на ваш ризик;

3.2 Одговорноста за усогласување со сите закони и регулативи (и упатства во индустријата) во однос на вашето користење на BBM Channels, вклучувајќи поставување и објавување на Содржина и Коментари на Канал е само ваша и онаму каде е соодветно, вие сте одговорни за постоење на политика за отстранување на штетна содржина од вашиот Канал, во согласност со Digital Millennium Copyright Act. Без ограничување на претходно споменатото, содржините што ги објавувате на Канал мора да се во согласност со Упатствата за содржина на BBM Channels, кои може да ги најдете на www.blackberry.com/legal/bbmcontentguidelines;

3.3 Не смеете да ги "спамирате" корисниците или Каналите, вклучувајќи двојни објавувања или повеќекратни слични објавувања или Коментари што не се релевантни за Каналот на кој коментарите се појавуваат;

3.4 Се согласувате дека можеме да Ви го ограничиме пристапот до одредени канали или содржини, базирано на информациите за вашата возраст и локацијата што ги добиваме од вас, и дека можеме ја употребиме таквата информација за да ви понудиме содржина што соодветствува на вашиот профил или јурисдикција или која можеби ќе Ве интересира;

3.5 Ние и нашиот персонал имаме дискреционо право (но не сме обврзани) да ги проверуваме, одбиваме или отстрануваме Содржините и Коментарите поради одредена причина;

3.6 Овој Додаток за BBM Channels ја вклучува и ја дополнува нашата Политика за приватност, која може да ја најдете на www.blackberry.com/legal/privacy.shtml. Во случај на конфликт меѓу Политиката за приватност и Додатокот за BBM Channels, ќе се применува Додатокот. Освен тоа, се согласувате дека:

(a) доколку ја вклучите функцијата за локација за BBM Channels, локацијата на вашиот уред ќе биде периодично зачувувана на вашиот уред (на секои петнаесетина минути, вклучително во одредени случаи дури и ако услугата на BBM не е активна на вашиот уред) со помош на GPS (онаму каде што може), безжична кула и со информации преку Wi-Fi/WLAN хотспот. Во одредени случаи, додека вашиот уред менува локации во денот, таквите информации ќе бидат испраќани до серверите на BlackBerry за да можеме да ги поврземе со вашиот BBM или BlackBerry ID за да ви понудиме порелевантна промотивна или содржина на Канал, вклучително и локализирани понуди или понуди според временската зона за да ја искористиме целосно функцијата geo-fencing базирана на моменталната локација на вашиот уред. Ве молиме да ги погледнете нагодувањата од менито за BBM за опциите кои се достапни во врска со тоа како да ја оневозможиме таквата функција.

(b) Информациите собрани за Вашето користење на BBM Channels, вклучително од претплаќањата за Вашиот Канал и активностите на него, информациите поврзани со вашиот BBM профил и BlackBerry ID, и информациите за вашата локација може да ги употребиме за да разбереме и да предвидиме што претпочитате и да дознаеме кои се вашите интереси за да можеме да развиваме, посочуваме или да ви нудиме Канали, содржини или услуги, наши или од други извори, што може да ве интересираат. Исто така, тие податоци може да ги искомбинираме со информации за Вашето користење на други BlackBerry Solution производи и услуги (на пример, информации собрани преку BlackBerry World и преку пребарување) за да го насочиме вашето искуство, да ви предложиме други производи и услуги и да ви понудиме порелевантна промотивна содржина во BBM, која ќе биде базирана на вашиот профил. Ова може да вклучува и испраќање на покани за претплата до Вас, пораки и постови во BBM во име на сопственици на Канал кои бараат од нас да испраќаме пораки до корисници на BBM Channels или сегменти до целна група или публика што одговараат на Вашиот демографски профил или интереси. Сепак, нема да нудиме Ваши лични информации до сопственици на канал, освен ако ни дозволите (на пример, согласно 2.1(b) од овој додаток, ако се претплатите на канал). Ве молиме да ги погледнете поставувањата од менито за BBM за достапните опции со кои можете да ги блокирате идните несакани покани или пораки од одреден Канал и како да прекинете да следите Канал.