УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВВМ

ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ОВОЈ ДОКУМЕНТ ПРЕД ДА ЈА КОРИСТИТЕ УСЛУГАТА ИЛИ ДА ГО ИНСТАЛИРАТЕ ИЛИ КОРИСТИТЕ ВВМ СОФТВЕРОТ ПРЕКУ КОЈ УСЛУГАТА Е ДОСТАПНА. ОВОЈ ДОГОВОР СОДРЖИ ОДРЕДБИ КОИ ШТО ЈА ОГРАНИЧУВААТ ИЛИ ИСКЛУЧУВААТ ОДГОВОРНОСТА НА BLACKBERRY КОН ВАС И КОИ ПОИНАКУ ВЛИЈААТ ВРЗ ВАШИТЕ ЗАКОНСКИ ПРАВА. ОВОЈ ДОГОВОР НЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ ВАШИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ, СО ЗАКОН ПРОПИШАНИ ПРАВА КОИ ШТО ВАЖАТ ВО ВАШАТА СУДСКА НАДЛЕЖНОСТ, ДО СТЕПЕН ДО КОЈ ШТО ВАМ МОЖЕ ДА ВИ СЕ ДОДЕЛАТ ВАКВИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ, СО ЗАКОН ПРОПИШАНИ ПРАВА.

Овие Услови за користење на ВВМ ("Договорот") претставуваат правен договор помеѓу вас: индивидуално ако се согласувате со него во ваше лично својство, или ако сте овластени да имате пристап или да ја користите ВВМ Solution (како што е подолу дефинирано) во името на вашата компанија или друг ентитет, помеѓу ентитетот во чие име вие постапувате (во секој случај, "Вие") и BlackBerry UK Limited, бр. на компанија 4022422 ("BlackBerry") чија регистрирана канцеларија се наоѓа на адреса: 200 Bath Road, Slough, Berkshire, United Kingdom SL1 3XE (заедно "Страните", а поединечно "Страната").

СО КЛИКНУВАЊЕ НА КОПЧЕТО "СЕ СОГЛАСУВАМ" ИЛИ СО АКТИВИРАЊЕ ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА ВВМ SOLUTION ИЛИ НА КОЈ БИЛО ДЕЛ ОД НЕА, ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДА БИДЕТЕ ОБВРЗАНИ СО УСЛОВИТЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР. АКО ИМАТЕ КАКВИ БИЛО ПРАШАЊА ИЛИ НЕЈАСНОТИИ ВО ВРСКА СО УСЛОВИТЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР, ВЕ МОЛИМЕ СТАПЕТЕ ВО КОНТАКТ СО BLACKBERRY НА LEGALINFO@BLACKBERRY.COM.

ДОКОЛКУ, ПРЕД ПРВПАТ ДА ЈА АКТИВИТАТЕ ИЛИ ДА КОРИСТИТЕ КОЈ БИЛО ДЕЛ ОД ВАШАТА ВВМ SOLUTION, ВИЕ ОДЛУЧИТЕ ДЕКА НЕ СТЕ ВОЛНИ ДА СЕ СОГЛАСИТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ, ВИЕ НЕМАТЕ ПРАВО ДА ЈА КОРИСТИТЕ ВВМ SOLUTION И ТРЕБА: (А) ВЕДНАШ ДА ГО ДЕИНСТАЛИРАТЕ ИЛИ ИЗБРИШЕТЕ СОФТВЕРОТ (КАКО ШТО Е ПОДОЛУ ДЕФИНИРАНО); И (Б) ДОКОЛКУ СТЕ ПЛАТИЛЕ ЗА КОРИСТЕЊЕТО НА ВВМ SOLUTION, ПОБАРАЈТЕ ДА ВИ СЕ ВРАТАТ ПАРИТЕ ОД НАЈБЛИСКИОТ РЕГИСТРИРАН ТРГОВЕЦ ИЛИ ПРОЦЕСОРОТ ЗА НАПЛАТА ВО СОГЛАСНОСТ СО НИВНАТА ВАЖЕЧКА ПОЛИТИКА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ.

ВИДЕТЕ ГИ ИНФОРМАЦИИТЕ НА BLACKBERRY ЗА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ ВО ДЕЛОВИТЕ 19 И 20 ОД ОВОЈ ДОГОВОР.

ДОКОЛКУ СТЕ ЖИТЕЛ НА ФРАНЦИЈА И ДОКОЛКУ СТЕ ПОТРОШУВАЧ КАКО ШТО СЕ КОРИСТИ ВО ФРАНЦУСКИОТ КОДЕКС ЗА ПОТРОШУВАЧИ, ТОГАШ НЕ ВАЖАТ ЗА ВАС ОДРЕДЕНИ ОДРЕДБИ ВО ОВОЈ ДОГОВОР И ДО СТЕПЕНОТ ДО КОЈ ШТО ВАМ МОЖЕ ДА ВИ СЕ ДОДЕЛАТ ВАКВИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ, СО ЗАКОН ПРОПИШАНИ ПРАВА, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ОВОЈ ДОГОВОР НЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ ВАШИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ, СО ЗАКОН ПРОПИШАНИ ПРАВА.

ДОКОЛКУ СТЕ ЖИТЕЛ НА ИТАЛИЈА И ДОКОЛКУ ВИЕ СТЕ "ПОТРОШУВАЧ" КАКО ШТО ОВОЈ ТЕРМИН СЕ КОРИСТИ ВО ИТАЛИЈАНСКАТА ЗАКОНОДАВНА ОДЛУКА БР. 206 ОД 6 СЕПТЕМВРИ 2005 ГОДИНА (ШТО ЗНАЧИ ДЕКА ВИЕ СТЕ ФИЗИЧКО ЛИЦЕ КОЕ ШТО ПОСТАПУВА ЗА ЦЕЛИ КОИ ШТО СЕ НАДВОР ОД ВАШАТА ТРГОВИЈА, БИЗНИС ИЛИ ПРОФЕСИЈА), ВИЕ ГИ ИМАТЕ ПРАВАТА КОИ ШТО СЕ НАВЕДЕНИ ВО ВО ИТАЛИЈАНСКАТА ЗАКОНОДАВНА ОДЛУКА БР. 206 ОД 6 СЕПТЕМВРИ 2005 ГОДИНА КАКО ШТО СЕ МЕНУВА И ДОПОЛНУВА ОД ВРЕМЕ НА ВРЕМЕ, И НИШТО ШТО Е СОДРЖАНО ВО ОВОЈ ДОГОВОР НЕ ГИ ОГРАНИЧУВА ИЛИ ОТСТРАНУВА ОВИЕ ПРАВА, НИТУ ПАК ИЗБОРОТ НА ВЛАДЕАЧКИОТ ЗАКОН ВО СОГЛАСНОСТ СО ДЕЛ (д) ВО ОВОЈ ДОГОВОР.

1. Дефиниции. Освен ако контекстот не бара поинаку, следните термини ги имаат значењата кои што се подолу изнесени (и онаму каде што контекстот тоа го дозволува, еднината ја вклучува множината и обратно).

"Airtime Service" значи услуги на широкопојасна безжична мрежа, други мрежни услуги (вклучително безжична локална обласна мрежа, сателитски и интернет услуги) и кои било други услуги обезбедени од страна на Вашиот Провајдер на Airtime Service за користење заедно со Вашата BBM Solution.

"Провајдер на Airtime Service " значи ентитет кој што обезбедува Airtime Services.

"BBM Solution" значи решение на BBM за инстант пораки (исто така, познато како BlackBerry Messenger), која што се состои од Услуги и Софтвер, заедно со важечката Документација.

"BlackBerry ID" значи овластување за најава која што Вие го користите за да се најавите за Вашата BBM Solution и другите производи и услуги кои што ги поддржуваат овластувањата за најава на BlackBerry ID.

"Содржина" значи сите податоци, текст, музика, звук, музика за ѕвонење, фотографија, графика, видео, порака, ознака или друг дигитален материјал или други дигитални информации.

"Документација" значи важечката стандардна документација за крајниот корисник, вклучително сите кодекси за однесување, насоки или правила за користење подготвени и обезбедени од страна на BlackBerry за BBM Solution. За појаснување, Документацијата не вклучува документација за крајниот корисник која што е подготвена од лице кое што не е BlackBerry или какви било модификации направени на документацијата од страна на лице кое што не е BlackBerry.

"Уред" значи кој било уред, како што е смартфон или таблет, на кој што Софтверот или кој било негов дел, е дизајниран и одобрен од страна на BlackBerry да функционира, и кој што Вие го поседувате или контролирате.

"Платени услуги" значи Услуги за кои што Вие мора да се регистрирате и да му платите на BlackBerry, или на најблискиот регистриран трговец ("MoR") или процесор за наплата, надомест за да ги добиете тие услуги.

"Услуга(-и)" значи услугите кои што Ви се достапни од страна на, или во име на BlackBerry или партнер на BlackBerry за користење како дел од BBM Solution, вклучително текстуални пораки према поединец или групни текстуални пораки, видео и гласовни услуги (кога и каде што тие се достапни) и услугата BlackBerry ID, но фактот дека BlackBerry има заеднички бренд со Услуга на Трета страна самото по себе не го прави тоа Услуга.

"Софтвер" значи апликација за клиент на BBM која што обезбедува пристап до Услугите и кој било друг софтвер кој што Вам ви е обезбеден од страна на BlackBerry според овој Договор, во каква било форма, на кој било медиум или начин обезбеден или подоцна инсталиран или користен (и кој што може да се состои од софтвер, фајлови, документација, интерфејсови, и Содржина, без разлика дали технички се смета како софтверски код; и Компоненти на Трета страна). Терминот "Софтвер" не вклучува Софтвер на Трета страна или Предмети на Трета страна, без разлика дали Софтверот на Третата страна или Предметот на Третата страна е дистрибуиран од страна на BlackBerry или во името на BlackBerry, или Софтверот на Третата страна или Предметот на Третата страна го придружува, е овозможен или работи во спрега со BBM Solution.

"Компоненти на Трета страна" значи софтверот и интерфејсовите, лиценцирани од страна на BlackBerry од трета страна за инкорпорирање во Софтверот, и дистрибуирани како интегрален дел од тој Софтвер под брендот на BlackBerry, но не вклучува Софтвер на Трета страна.

"Содржина на Трета страна " значи Содржина која е сопственост на трета страна.

"Предмети на Трета страна" значи Содржина на Трета страна и Производи на Трета страна.

"Производи на Трета страна" значи Уреди и Софтвер на Трета страна и кои било други комерцијални производи кои што не се производи на BlackBerry.

"Услуги на Трета страна " значи услуги кои што ги обезбедува трета страна, вклучително Airtime Services, сервиси обезбедени од трета страна MoR или процесор за наплата, и која бил вебсајт кој што не го оперира BlackBerry.

"Софтвер на Трета страна" значи самостојни софтверски апликации сопственост на трета страна кои што се обезбедени или на поинаков начин достапни со, на или преку BBM Solution.

"Ваша Содржина" значи која било Содржина која Вие ја поднесувате или на поинаков начин ја ставате на располагање на Услуга или на Услуга на Трета страна.

2. Правила за употреба на BBM Solution. Вие сте одговорни за сите активности во врска со употребата на Вашата BBM Solution, и Вие ќе се осигурате дека:

(а) Вашата BBM Solution, или кој било нејзин дел, се користи во согласност со овој Договор, сите важечки закони и прописи и со важечката Документација;
(б) Вие имате најмалку 13 години старост и или сте полнолетен, еманципиран малолетник или поседувате законска согласност од родител или старател и сте потполно во состојба и компетентни да влезете во овој Договор. Во секој случај, Вие потврдувате дека имате најмалку 13 години, бидејќи BBM Solution и BlackBerry ID не се наменети за деца помали од 13 години. Доколку сте помали од 13 години вие не смеете да ја користите BBM Solution или да добиете BlackBerry ID. Ако Вие влегувате во овој Договор во име на компанија или друг ентитет, Вие изјавувате и гарантирате дека имате овластување да го склучите овој Договор во името на таа компанија или во името на друг ентитет;
(ц) Сите информации кои што му ги давате на BlackBerry или на неговите овластени дистрибутери согласно овој Договор, вклучително кога се регистрирате за да ја користите Вашата BBM Solution или да добиете сметка за користење за Вашата BBM Solution, вклучително BlackBerry ID, се вистински, точни, актуелни и комплетни и сé додека Вие ја користите BBM Solution или имате сметка, Вие ќе ги ажурирате овие информации за да бидат и понатаму вистински, точни и комплетни;
(д) Вие нема, со Ваше знаење, откако ќе направите проверка како што тоа би направило разумно лице во Ваша позиција, да ја користите или да дозволите други да ја користат BBM Solution, или нејзин дел, одвоено или заедно со Предмет на Трета страна или со Услуги на Трета страна на начин кој што според разумна проценка на BlackBerry, го попречува, деградира или обратно влијае врз кој било софтвер, хардвер, систем, мрежа, Содржина или услуга кои што ги користи кое било лице, вклучително BlackBerry или Провајдер на Airtime Service, или поинаку има штетно влијание врз BlackBerry или врз неговите подружници и партнери ("BlackBerry Group of Companies"), Провајдер на Airtime Service или кој било од нивните посебни клиенти или инфраструктура или производи или сервиси и Вие веднаш ќе ја прекинете секоја ваква активност откако BlackBerry ќе Ве извести за тоа;
(е) Вашата BBM Solution, или кој било нејзин дел, не се користи за да се пренесува, објавува, постира, аплодира, дистрибуира или шири несоодветна, вулгарна, омаловажувачка, навредлива, клеветничка, непристојна, незаконска или измамничка Содржина;
(ф) Вашата BBM Solution, или кој било нејзин дел, нема да се користи за да се врши или да се направи обид да се изврши криминал или да се овозможи вршењето на какво било криминално дело или други незаконски или деликтни дела, вклучително аплодирање, собирање, чување, постирање, испраќање, соопштување или на поинаков начин ставање на располагање на информации или материјали кои што Вие немате право да ги собирате, чувате или да ги направите достапни, вклучително според кој било закон или според договор или при прекршување на која било должност, при прекршување на правата на приватност или законите, незаконско коцкање или која било постапка која ќе ги наруши, прекрши или проневери правата на интелектуална сопственост и / или други сопственички права на која било трета страна (вклучително копирање и размена на софтвер или Содржина за кои Вие ги немате правата да ги копирате и разменувате, или незаконско заобиколување на кои било менаџерски заштити на дигиталните права);
(г) Вашата BBM Solution, или кој бил нејзин дел, нема да се користи за да се аплодира, постира, испраќа или на поинаков начин да се става на располагање кој било софтвер или Содржина кои што содржат некаков (i) вирус, Тројански коњ, црв, таен механизам за затворање, малициозен код, душкало, робот, механизам за деактивација, или шпионски програм; или (ii) кој било друг софтвер или Содржина кои имаат веројатност или се наменети (A) да имаат обратно дејство врз перформансите на, (Б) да го онеспособат, расипат или да предизвикаат оштетување на, или (Ц) да дозволат или да овозможат неовластен пристап или да одбијат овластен пристап до, или да предизвикаат да се користи за какви било неовластени или несоодветни цели, кој било софтвер, хардвер, услуги, системи или податоци ("Malware" / Штетен софтвер") (и, ако Вие дознаете дека постои каков било Штетен софтвер во поглед или во врска со BBM Solution, Вие веднаш ќе го известите BlackBerry);
(х) Вие нема да го продавате, давате под наем, земате под наем или да го префрлувате, или да се обидувате да го продавате, давате под наем, земате под наем или да го префрлувате Софтверот или која било Содржина, или кој било нејзин дел, кои што Ви се достапни како дел од BBM Solution, или преку Вашето право на BBM Solution или кој било нејзин дел, на кое било друго лице, без претходна изрична писмена согласност на BlackBerry;
(и) Вие нема да се обидувате да добиете неовластен пристап до кои било Услуги, други сметки, компјутерски системи или мрежи поврзани со една Услуга, преку хакирање, откривање на туѓа лозинка или на било кои други начини, или да добиете или да се обидете да добиете какви било материјали или информации кои што се ставени на располагање преку една Услуга преку кое било средство, но кои според договорот не ви се ставени на располагање од страна на BBM Solution;
(ј) Вашата BBM Solution, или кој било нејзин дел, нема да го користите за да имитирате некое друго лице или ентитет или лажно да ја претставувате или поинаку погрешно да ја претставувате Вашата поврзаност со некое лице или ентитет, или да создадете лажен идентитет за да ги доведете другите во заблуда, вклучително мрежно рибарење (phishing) и лажирање (spoofing); и
(к) Вие ќе соработувате со BlackBerry и ќе ги обезбедувате информациите кои што Ви ги бара BlackBerry за да му помогнете на BlackBerry во истражувањето или утврдувањето дали имало прекршување на овој Договор и ќе му обезбедите на BlackBerry или на независниот аудитор назначен од BlackBerry пристап до просториите и уредите каде што се наоѓа или се користела BBM Solution и други поврзани записи. Вие со ова го овластувате BlackBerry да соработува со: (i) органи за примена на законот при истражувањето на сомнителни законски прекршоци; (ii) трети страни при истражување на акти на прекршување на овој Договор; и (iii) системски администратори на провајдери на интернет услуги, мрежи или компјутерски капацитети со цел да се примени овој Договор. Ваквата соработка може да вклучува и обелоденување на Вашето корисничко име, IP адреси или други лични информации од страна на BlackBerry.

3. Користење на Софтвер.

(a) Лиценца. За делови од BBM Solution потребно е Вие да набавите и да користите Софтвер со цел да добиете пристап до Услугите. Софтверот е лиценциран и не се продава според овој Договор. Вашата лиценца да го користите Софтверот е условена со плаќање на важечките надоместоци за лиценца, ако има такви. Во зависност од условите овде, овој Договор ви доделува лична, отповиклива, не-ексклузивна, не-пренослива лиценца која Ви дозволува да го инсталирате и користите Софтверот на еден Уред, или, ако е тоа изрично дозволено со условите за користење кои го регулираат дигиталниот излог на третата страна (на пр., iTunes Store / iTunes Продавница за iOS верзии на Софтверот) од кој што Вие го купувате Софтверот ("Правила за користење"), или на неколку уреди изрично дозволени според овие Правила за користење.

Ако Вие го купувате Софтверот врз основа на претплата или како дел од бесплатна проба, тогаш правата за лицеца кои што се погоре изнесени важат само за временскиот период за кој што Вие сте ги платиле бараните надоместоци за претплата или за временскиот период дозволен од страна на BlackBerry или неговиот овластен дистрибутер, зависно од случајот.

Во сите случаи, лиценцата (-ите) доделени според овој Договор, Ви дозволуваат да го користите или ви овозможуваат да го користите Софтверот или да добиете пристап до Услугите само за Ваша сопствена интерна или лична намена и во согласност со кои било важечки Правила за користење.

(б) Ажурирања и Надградувања. Овој Договор и лиценците кои што се даваат со него, не имплицираат никакви права на: (i) редовни или идни надградби или ажурирања на Софтверот или на Софтверот на Трета страна; или (ii) стекнување на кои било нови или модифицирани Услуги. И покрај горе наведеното, надградбите или ажурирањата на Софтверот може да бидат достапни од време на време врз основа на дискреционото право на BlackBerry. Софтверот може да вклучува функција автоматски да ги проверува ажурирањата или надградбите на Софтверот, и може од Вас да се бара да го ажурирате Софтверот или Софтверот на Трета страна со цел и понатаму да имате пристап или да користите одредени Услуги, друг нов Софтвер или Предмети на Трета страна или Услуги на Трета страна или делови од нив. Доколку софтверот на Вашиот Уред не Ви дозволува да ја спречите трансмисијата или употребата на надградби или ажурирања на Софтверот, а Вие ги применувате ваквите подесувања, Вие со ова се согласувате дека BlackBerry може (но не е обврзан) да ви ги направи ваквите ажурирања или надградби достапни за Вас од време на време и да Ви достави известување за достапноста на ваквите ажурирања или надградби. Секое ажурирање или надградба кои што BlackBerry Ви ги обезбедува според овој Договор ќе се сметаат за Софтвер, Услуги или Софтвер на Трета страна, во зависност од случајот.

(ц) Права на репродукција. Вие не можете да го дистрибуирате или модифицирате Софтверот, или која било Содржина која што Ви е Вам достапна како дел од една Услуга, ниту во целост ниту делумно. Освен до степенот до кој BlackBerry е изрично спречен според законот да ги забранува овие активности, Вие не можете да го копирате, репродуцирате или на кој било друг начин да го умножувате Софтверот, или која било Содржина која што Ви е Вам достапна како дел од една Услуга, во целост или делумно, освен ако е изрично дозволено во овој Договор, во Документацијата за важечката Услуга, во Правилата за користење или во посебен пишан Договор помеѓу Вас и BlackBerry или партнер на BlackBerry. За целите на оваа одредба, "копирање" или "репродуцирање" нема да вклучува копирање на изјавите и упатствата на Софтверот кое што природно се случува за време на извршувањето на нормалната програма кога се користи во согласност со, и за целите опишани во Документацијата или во текот на правење немодифицирани редовни бекапови на Софтверот или на Уредот на кој што Софтверот е инсталиран, во согласност со стандардните деловни пракси во индустријата. Вие не можете да копирате ниедна Документација или дел од неа, освен за Ваша лична или интерна употреба и за употреба во спрега со Вашата употреба на BBM Solution.

4. Потребни Предмети на Трета страна и Услуги на Трета страна. Вие сте одговорни да обезбедите дека Предметите на Трета страна и Услугите на Трета страна (вклучително Уредите, интернет поврзаноста, безжичните мрежи и Airtime Services) кои што Вие ќе ги одберете да функционираат на Вашата BBM Solution, ги исполнуваат минималните барања на BlackBerry, вклучително софтверот на Уредот и достапноста на одбраниот интернет пристап потребен за Вашата BBM Solution како што е изнесено во Документацијата, и дека Вашата употреба на вакви Предмети на Трета страна и / или Услуги на Трета страна со Вашата BBM Solution не прекршува никакви лиценци, услови, закони, правила и / или прописи во поглед на употребата на ваквите Предмети на Трета страна и Услуги на Трета страна. Airtime Services се генерално потребни за да ја користите Вашата BBM Solution. Трошоците за Airtime Service може да се наплатат заедно со Вашата употреба на Вашата BBM Solution, и Вие се согласувате дека како меѓу Вас и BlackBerry, Вие сте одговорни за сите трошоци за Airtime Service кои што ќе бидат направени во текот на таквата употреба. Вашиот Провајдер на Airtime Service може да ограничи кои Услуги и Услуги на Трета страна ќе бидат достапни за Вас. Ако сакате да добиете информации за тоа кои Провајдери на Airtime Service ја поддржуваат Вашата BBM Solution на Вашата локација, Ве молиме стапете во контакт со BlackBerry преку legalinfo@blackberry.com.


5. Дополнителни услови.

(а) Вие можеби ќе треба да се согласите со дополнителните услови:
(i) со BlackBerry, во врска со Компонентите на Трета страна (на пр. Open source компоненти), а со цел да користите одредени Услуги или Содржина или да добиете ажурирање или надградба за BBM Solution;
(ii) со трета страна, за да купите или користите Предмет на Трета страна или Услуга на Трета страна, вклучително да го користите вебсајтот на Трета страна до кој можете да пристапите преку BBM Solution;
(iii) со MoR или процесор за наплата за да извршите купување во врска со или преку BBM Solution; и
(iv) со Провајдер на Airtime Service за Airtime Services.

(б) Вие сте одговорни за почитување на кој било Договор кој што Вие го склучувате со трета страна и BlackBerry не е одговорен во никој случај за каква било загуба или оштетување од каков било вид кои што настанале како резултат на Вашите зделки со кои било трети страни. Ако Вие не сте сигурни дали BlackBerry е изворот на некоја Содржина, предмет, производ или услуга, Ве молиме да стапите во контакт со BlackBerry на legalinfo@blackberry.com. Ако работите со трети страни преку интернет или заедно со Услуги на Трета страна, внимавајте да се осигурате дека знаете со кого работите, и дека ги знаете условите поврзани со тие вебсајтови и со кои било Услуги на Трета страна или Предмети на Трета страна до кои што може да имате пристап или да ги добивате, вклучително условите за испорака и плаќање, условите за користење, условите за лиценцирање на крајниот корисник, можноста за враќање на производи, условите за приватност, подесувањата на приватноста и безбедносните карактеристики заради заштита на Вашите лични информации и обезбедување на Ваша лична безбедност.

(ц) Во никој случај овие дополнителни услови помеѓу Вас и која било трета страна нема да бидат обврзувачки за BlackBerry ниту да наметнуваат за BlackBerry какви било дополнителни обврски или обврски кои што не се во согласност со условите од овој Договор, и како и помеѓу Вас и BlackBerry, условите поврзани со Предмети на Трета страна и Услуги на Трета страна во овој Договор и понатаму ќе важат за тие предмети.

(д) До степенот до кој некоја Компонента на Трета страна е покриена со дополнителни услови кои што Ви даваат права да ја користите, копирате, дистрибуирате или модифицирате целата или дел од ваква Компонента на Трета страна пошироко од правата кои што Ви се доделени според овој Договор за Софтвер, тогаш, само до степенот до кој Вие можете да ги користите ваквите пошироки права без да ги прекршувате условите од овој Договор за остатокот од Софтверот, Вие ќе го користите бенефитот од ваквите пошироки права. Во поглед на Софтверот на Трета страна или Услугите на Трета страна (кои вклучуваат софтвер и Содржина) кои што BlackBerry Ви ги става на располагање, ако Софтверот на Трета страна или Услугата на Трета страна не е придружена со посебна лиценца или услови за користење, нивната употреба ќе подлежи на условите на овој Договор како да се Софтвер или Услуги (како што е применливо) кои што се дел од Вашата BBM Solution; под услов ако ваквиот Софтвер на Трета страна или Услуга на Трета страна Ви е обезбедена од страна на BlackBerry "КАКО ШТО СЕ" и "КАКО ШТО СЕ ДОСТАПНИ", без изрични или имплицирани услови, одобренија, гаранции, изјави или овластувања и, како и помеѓу Вас и BlackBerry, ќе важат ограничувањата и исклучувањата на одредбите за одговорност, откажување и рефундирање кои што се изнесени во овој Договор за Предмети на Трета страна и Услуги на Трета страна, а не за Софтвер.

6. Модификација или укинување на BBM Solution.

(а) Модификација или укинување на BBM Solution. Вие се согласувате дека BlackBerry може, без каква било обврска кон Вас, да ја модифицира, привремено прекине, укине, отстрани, ограничи или онеспособи BBM Solution, или на кој било нејзин дел, во секое време, привремено или трајно, со или без известување до Вас; во случај ако BlackBerry трајно укине една Услуга (во кој случај Вашата лиценца за користење на кој било Софтвер специфично дизајниран за пристап до таа Услуга автоматски ќе биде укината), а Вие сте платиле таа Услуга да Ви биде достапна за одреден временски период и ако не сте го прекршиле овој Договор, Вие може да добиете право да Ви се рефундира целата или дел од сумата која што сте ја платиле за Услугата, како што е предвидено во тогаш актуелната политика за рефундирање за Услугата, или од MoR или процесорот за наплата на кои Вие сте ги платиле надоместоците. Ваквото рефундирање, доколку се случи, ќе биде Ваше ексклузивно право, како единствена обврска на BlackBerry, и на MoR и на процесорот за наплата кон Вас во случај ако BlackBerry трајно ја укине BBM Solution, или дел од неа.

(б) Одржување. Без ограничување на горе споменатото, BlackBerry го задржува правото, а Вие се согласувате дека BlackBerry, согласно неговото дискреционо право, да може повремено да го прекинува пристапот до BBM Solution, или до било кој нејзин дел, и да ја стави вон употреба, со цел да ги отстрани бубачките во софтверот, да инсталира ажурирања и да изврши дијагноза и друго одржување на BBM Solution.

7. Вашите придонеси и друга Содржина.

(а) Повратни информации. Вие можете да му дадете на BlackBerry повратни информации за BBM Solution. Освен ако BlackBerry поинаку не се договори во писмена форма, Вие со ова се согласувате BlackBerry да ги поседува сите повратни информации, коментари, сугестии, идеи, концепти и промени кои што Вие му ги давате на BlackBerry во врска со BBM Solution и сите поврзани права на интелектуална сопственост (збирно, "Повратните информации") и Вие со ова му ги пренесувате на BlackBerry сите Ваши права, право на сопственост и интерес за нив. Вие нема да му обезбедите на BlackBerry какви било Повратни информации за кои знаете дека подлежат на права на интелектуална сопственот на трета страна. Вие се согласувате во потполност да соработувате со BlackBerry во поглед на потпишувањето на други документи и вршењето на други вакви постапки кои што BlackBerry разумно ги бара за да се потврди дека BlackBerry ги поседува Повратните информации и за да се овозможи BlackBerry да пријави и / или заштити какви било поврзани права на интелектуална сопственост и / или доверливи информации.

(б) Содржина за Крајниот корисник, Предмети на Трета страна. Вие, а не BlackBerry, сте целосно одговорни за Вашата Содржина. BlackBerry не ја контролира Содржината или Предметите на Трета страна кои што Ви се ставени на располагање од страна на крајните корисници во врска со Вашата употреба на BBM Solution или која било Услуга на Трета страна која што ја користите во спрега со нивната BBM Solution, и како дополнение на општите откажувања во Дел 17, BlackBerry не гарантира ниту дава друго слично уверение во поглед на точноста, интегритетот или квалитетот на, и не е одговорен за какви било вакви Предмети на Трета страна. BlackBerry може да воспостави општи пракси и граници во врска со користењето на BBM Solution, вклучително, обемот на Содржината која може да се чува, максималниот временски период на задржување на Содржината или пораката /постирањата на дискусии на која било Услуга (вклучително која било услуга на облачно складирање), и / или временскиот период во кој Вие можете да продолжите да користите или да имате пристап до која било Содржина. Вие може да користите Содржина која што Ви е направена достапна од страна на BlackBerry или на партнер на BlackBerry, во врска со Услуга исклучително за Ваша лична употреба и во согласност со специфичните услови на лиценцата кои важат за Услугата, ако има такви. Рестрикциите како оние погоре изнесени ќе бидат детално изнесени во Документацијата за важечката Услуга, со која Вие треба да се запознаете и да ја разгледувате од време на време, бидејќи BlackBerry може да направи одредени промени. Вие се согласувате дека BlackBerry нема одговорност или обврска од каков било вид за губење, бришење, или неовластен пристап, или неуспех да сочува каква било Содржина и, доколку Вие да ги имате потребните права или лиценци тоа да го направите, Вие треба да чувате алтернативна бекап копија на која било Содржина за која задржувањето на копие е важно за Вас.

(ц) Вашата Содржина. Доколку не е изрично предвидено во овој Договор или додаток кон него, со овој Договор не му се пренесува на BlackBerry никаква сопственост на Вашата Содржина. Во поглед на која било Ваша Содржина која Вие ја ставате на располагање за вклучување во аспектите на BBM Solution до кои може да имаат пристап други корисници на BBM Solution, вклучително BBM Groups и други форуми до кои имаат пристап Вашите BBM Контакти и други корисници на BBM Solution, Вие му давате на BlackBerry вечна, неотповиклива, пренослива, без авторски права и не-ексклузивна лиценца ширум светот да ја користи, дистрибуира, репродуцира, модифицира, прилагодува, јавно да ја извршува и јавно да ја прикажува таа Содржина во согласност со одредбата и управувањето на BBM Solution, или кој било нејзин дел, и во врска со која било Содржина која што Вие ја правите достапна за другите аспекти на BBM Solution, Вие му давате на BlackBerry распротена ширум светот, без авторски права и не-ексклузивна лиценца да ја користи, дистрибуира, репродуцира, модифицира, прилагодува, јавно да ја извршува и јавно да ја прикажува ваквата Содржина бидејќи тоа е потребно за Вие да добиете BBM Solution; и Вие гарантирате и свечено изјавувате во двата случаи дека имате право да му доделите на BlackBerry ваква лиценца.

(д) Спорна Содржина и Предмети на Трета страна. Вие разбирате дека со користење на BBM Solution или Услуга на Трета страна, Вие можете да бидете изложени на Содржина и Предмети на Трета страна кои што се, или за кои што Вие сметате дека се, навредливи, непристојни или поинаку спорни. BlackBerry и неговите претставници имаат право (но не и обврска) според нивното дискреционо право, да направат претходно скенирање, да одбијат или да ја отстранат Вашата Содржина или кои било Предмети на Трета страна од BBM Solution.

(е) Родителска контрола и Надзор од возрасни. Делови од BBM Solution или Услуги на Трета страна може да имаат подесувања кои што ќе Ви овозможат да блокирате или филтрирате одредена Содржина, Услуги, Услуги на Трета страна или трети страни. Целосно е Ваша одговорност да ги одберете и овозможите ваквите подесувања според Ваша желба. BlackBerry не гарантира дека ваквите подесувања се без грешка, дека ќе ги блокираат сите релевантни Содржини, Услуги, Услуги на Трета страна или трети страни, или дека нема да може да се оневозможат или избегнат од други кои што имаат пристап до Вашата BBM Solution. Ако Вие му дозволите на Вашето дете да ја користи Вашата BBM Solution, или кој било нејзин дел, Ваша одговорност е да одредите дали ваквата посебна Услуга, Услуга на Трета страна или Предмет на Трета страна се соодветни за Вашето дете, и Вие сте во целост одговорни за пристапот на Вашето дете до, и употребата на BBM Solution, Услугите на Трета страна и Предметите на Трета страна, вклучително сите финансиски трошоци или други обврски кои ќе се појават во поглед на ваквата употреба или пристап.

8. Служби за итни случаи. BBM Solution не е поврзана со јавната телефонска мрежа (public switched telephone network - PSTN), не користи телефонски броеви за да комуницира со други уреди и не е дизајнирана или наменета да биде замена за Вашиот секојдневен мобилен или фиксен телефон. Покрај тоа, Вие потврдувате и се согласувате дека BBM Solution не е дизајнирана или наменета да биде замена за Вашиот традиционален фиксен или безжичен мобилен телефон и дека тие не можат да се користат за да се повикуваат броевите "911", "112", "999", "000" или други дизајнирани броеви наменети да го поврзат корисникот со јавни кол центри или слични служби за итни случаи согласно локалните закони за телекомуникации ("Служби за итни случаи "). Повиците до Службите за итни случаи не се пренесуваат преку BBM Solution. Вие разбирате и се согласувате дека мора да се направат дополнителни аранжмани, кои што не се дел од BBM Solution, за да се добие пристап до Службите за итни случаи, и дека BlackBerry Group of Companies, како и нивните службеници, директори и вработени нема да имаат никаква одговорност или обрвска за какви било лични повреди, смрт или оштетувања кои што се резултат на, или произлегуваат од неможноста да се пристапи до Службите за итни случаи преку BBM Solution.

9. Интелектуална сопственост. Според овој Договор Вие не стекнувате никакво право на сопственост, тапија или интерес за или кон какви било права на интелектуална сопственост или други сопственички права, вклучително патенти, дизајни, трговски знаци, авторски права, права на бази на податоци или права на какви било доверливи информации или трговски тајни, за или во врска со BBM Solution или кој било нејзин дел, вклучително Содржината која што е направена достапна од страна на BlackBerry Group of Companies и нивните снабдувачи како дел од BBM Solution, според овој Договор. Вие, исто така, не стекнувате никакви права на лиценца за или во врска со BBM Solution или кој било нејзин дел, ниту за која било Содржина која што Ви е направена достапна преку една Услуга, освен ако за таквите права немате изрично добиено лиценца според овој Договор, за поврзаната Документација, или според друг заеднички усогласен пишан Договор кој што Вие можеби го имате со BlackBerry. Сите права кои што со ова изрично не се доделени, се изрично задржани. За појаснување, и покрај сето друго во овој Договор, во никој случај било какви патентни лиценци доделени за BBM Solution овде нема да се прошират, ниту да се толкуваат дека ќе се прошират, на употребата на кои било Услуги на Трета страна или Предмети на Трета страна или самостојно или во спрега со Вашата BBM Solution, и, без ограничување на погоре споменатото, во никој случај лиценците кои што се доделени според овој договор нема да се толкуваат така да некој снабдувач на вакви Услуги на Трета страна или Предмети на Трета страна може успешно да тврди дека употребата на вакви Услуги на Трета страна или Предмети на Трета страна или во спрега со целата или со дел од BBM Solution или самостојно се лиценцирани според патентите на BlackBerry врз основа на фактот дека BBM Solution, или кој било нејзин дел, е лиценциран според овој договор. Софтверот и сите копии кои што Вие ќе ги правите од Софтверот, Ви се само лиценцирани, а не продадени и Софтверот, целата Документација и која било Содржина која што BlackBerry Group of Companies Ви ја обезбедила како дел од BBM Solution и кој било сајт(-ови) кој што Ви дозволува да пристапите до кои било Услуги се заштитени со канадските, американските и меѓународните закони за авторски права и патенти и со одредбите од меѓународните спогодби. Постојат строги казни, и граѓански и кривични, за прекршување на интелектуалната сопственост. Вие се согласувате дека ништо во овој Договор нема да има спротивно дејство врз кои било права и прибегнување кон правни лекови, вклучително правно олеснување или сличен правен лек во Вашата јурисдикција, кои BlackBerry и провајдерите на Содржина за една Услуга може да ги имаат според кои било важечки закони кои се однесуваат на заштитата на правата на интелектуална сопственост или на други сопственички права на BlackBerry или на провајдерите на Содржината. Ако Вие: (i) сте жител на Бурунди, Брегот на Слонова Коска, Косово, Мозамбик, Сиера Леоне или Танзанија или Вашата употреба на BBM Solution од Бурунди, Брегот на Слонова Коска, Косово, Мозамбик, Сиера Леоне или Танзанија; или (ii) живеете во јурисдикција која што нема законодавство за авторски права кое што е на сила; или (iii) живеете во јурисдикција за која законодавството за авторски права кое што е на сила не го штити софтверот кој што е лиценциран според овој Договор, тогаш, покрај другите обврски кои што Вие може да ги имате според важечкиот закон во Вашата јурисдикција, Вие изрично се согласувате дека Актот за авторски права на Канада ќе се смета дека важи за Вас и за Вашата употреба на BBM Solution и Третата страна.

10. Рестрикции на извоз, увоз и употреба и лиценци на американската влада. Софтверот може да вклучува криптографска технологија и Вие се согласувате дека таа не може да биде извезена, увезена, користена, пренесена или повторно извезана освен во согласност со важечките закони и прописи на релевантни владини органи. Вие со ова изјавувате дека: (A) колку што знаете, Вие сте подобни да добиете Софтвер според важечкиот закон и не сте лоцирани во земја која подлежи на ембарго на Американската влада или која била означена од страна на Американската влада како "земја која поддржува терористи" и дека Вие не се наоѓате на никаков список на Американската влада на страна која има забрана или ограничување; и (Б) Вие нема да го користите Софтверот за развој, производство, ракување, одржување, чување, откривање, идентификација или ширење на хемиско, биолошко или нуклеарно оружје или нивни системи за исфрлање на ракети, или за материјали или опрема кои што би можеле да се користат во вакви оружја или нивните системи за исфрлање на ракети, или за препродавање или извоз на некој или на кој било ентитет кој што е инволвиран во таква активност. И покрај каков било Договор со трета страна или каква било одредба од закон, пропис или политика, ако Вие сте некаква агенција на владата на Соединетите Американски Држави, тогаш Вашите права во поглед на Софтверот нема да ги надминат правата предвидени според овој Договор, освен ако не е изрично договорено од страна BlackBerry во пишан Договор помеѓу Вас и BlackBerry и потпишан од Главниот оперативен директор или Главниот извршен директор на BlackBerry.

11. Безбедност, сметки и лозинки.

(а) Употреба на сметки и лозинки. Вие се согласувате да ја преземете целата одговорност за воспоставување на соодветни безбедносни мерки за да го контролирате пристапот до Вашата BBM Solution, вклучително уредот на кој што Вие го инсталирате Софтверот. Во смисла на погоре изнесеното, Вие се согласувате да одберете силни лозинки и да ја одржувате сигурноста и доверливоста на сите лозинки кои што се користат за пристап кон Вашата BBM Solution или кој било нејзин дел, вклучително лозинките кои што се користат за пристап до Вашиот BlackBerry ID што се користи заедно со Вашата BBM Solution. Вие понатаму се согласувате дека Вие сте одговорни за целата активност која што се одвива со користење на Вашите лозинки или на, или преку Вашите сметки, вклучително сите финансиски трошоци или други обврски кои што настанале во врска со таа активност. Вие се согласувате веднаш да го известите BlackBerry за секоја неовластена употреба на целата или дел од Вашата BBM Solution, вклучително сителозинки за некој дел од Вашата BBM Solution, така што ќе стапите во контакт со Центарот за опслужување на клиенти на BlackBerry (информациите за контакт се дадени на www.blackberry.com/support). BlackBerry може да преземе постапки за кои што смета дека се соодветни по приемот на вакво известување, но исто така, нема обврска да преземе каква било постапка. Вие се согласувате дека известувањето на BlackBerry како што е погоре изнесено не Ве ослободува од одговорноста за целата активност која што се одвива со употреба на Вашите лозинки, или на, или преку Вашите сметки.

(б) BlackBerry ID. Ако Вие досега сте немале BlackBerry ID, од Вас ќе се бара да го создадете со цел да имате пристап до, и да ја користите Вашата BBM Solution. Откако ќе го креирате, Вашиот BlackBerry ID може, исто така, да го користите за пристап до други производи или услуги кои што ја користат услугата BlackBerry ID и кон кои Вие сте подобни да пристапите ("BlackBerry ID Accessible Services"). Освен ако Вие и BlackBerry не се договорите за други услови кои ќе ја регулираат Вашата употреба на Вашиот BlackBerry ID во врска со вакви производи и услуги, Вие се согласувате дека условите од овој Договор кои што важат за Услугата BlackBerry ID, и како Услуга и како дел од BBM Solution, исто така, важат и за употребата на Вашиот BlackBerry ID со BlackBerry ID Accessible Services; вклучително без ограничување, Делови 2, 3, 5, 6, 9, 12, 16, 17, 18, 19, 20, и овој Дел 11. Покрај тоа, раскинувањето на овој Договор нема да влијае врз важењето на овие услови за Вашата продолжена употреба на Вашиот BlackBerry ID со други BlackBerry ID Accessible Services, освен ако BlackBerry не укаже дека ваквото раскинување има цел да го укине Вашето право да го користите Вашиот BlackBerry ID со други BlackBerry ID Accessible Services.

12. Доверливост и отсуство на обратен инженеринг. Вие потврдувате и се согласувате дека BBM Solution беше: (a) развивана одреден временски период и на сметка на BlackBerry и / или BlackBerry Group of Companies; и (б) дека BBM Solution содржи доверливи информации вклучително трговски тајни на BlackBerry, BlackBerry Group of Companies, како и на нивните снабдувачи. Овој Договор не Ви дава право да стекнете од BlackBerry, BlackBerry Group of Companies, или од нивните дистрибутери било каков изворен кодекс за Софтверот, Услугите, Предметите на Трета страна или Услугите на Трета страна и, освен ако BlackBerry е изрично спречен со закон да ги забрани овие активности, Вие се согласувате дека нема да ги менувате, модифицирате, прилагодувате, да создавате дела кои што произлегуваат од оригиналите, да го преведувате, бришете или да правите обратен инженеринг на Софтверот, Услугите или Предметите на Трети страни или Услугите на Трети страни или да се обидете тоа да го направите, или да дозволите, да се согласите, да овластите или поттикнете која било друга страна да го направи истото. Заради целите на овој Договор, "Обратен инженеринг" вклучува секоја постапка на обратен инженеринг, преведување, демонтирање, растурање, декрипција или деконструкција (вклучително кој било аспект на "фрлање на RAM/ROM или нивното трајно чување", "кабловско или безжично душкање", или обратен инженеринг од типот на "црна кутија") податоци, софтвер (вклучително интерфејсови, протоколи и кои било други податоци вклучени во или користени во спрега со програмите кои може да се сметаат или да не се сметаат како софтверски код), услуга или хардвер или кој било метод или процес за добивање или конвертирање на информации, податоци или софтвер од една форма во форма која човекот може да ја чита.

13. Рок. Овој Договор ќе биде ефективен откако Вие ќе се согласите дека ќе се обврзете со условите од овој Договор (како што е опишано во преамбулата погоре) и ќе биде ефективен сé додека не се раскине во согласност со одредбите кои што се овде предвидени.

14. Правни лекови и раскинување.

Покрај другите права и правни лекови на BlackBerry кои што се наведени во овој Договор:

(a) Ако Вие го прекршите овој Договор, BlackBerry или неговиот застапник може, но не се обврзани, да преземат одредени постапки за кои што тие сметаат дека се соодветни. Ваквите постапки може да вклучуваат, но не се ограничени на непосредно привремено прекинување или укинување на целата или на дел од Вашата BBM Solution или на друг Предмет на Трета страна кои што се користат заедно со Вашата BBM Solution.

(б) BlackBerry може, покрај сите други права и правни лекови предвидени со овој Договор или според закон; (i) веднаш да го раскине овој Договор и која било друга лиценца договорена помеѓу Вас и BlackBerry за кој бил друг дел од Вашата BBM Solution кој што Вие го користите ако Вие го прекршите овој Договор, или некој додаток или друг Договор кој што Вие го имате склучено со BlackBerry или со партнер на BlackBerry вклучително, ако не платите некои надоместоци во рок од триесет (30) дена од нивното доспевање за наплата; и / или (ii) престанете да користите некоја Услуга која што Ви е дадена во врска со Вашата BBM Solution. Ако Вие сте купиле BlackBerry со точно наведени информации за контакт, BlackBerry ќе вложи напори да Ви достави известување за раскинувањето.

(ц) Покрај тоа, BlackBerry може да го раскине овој Договор и /или веднаш да укине кој било дел или целата BBM Solution без никаква обврска кон Вас ако BlackBerry е спречен да ви обезбеди кој било дел или целата BBM Solution според кој било закон, пропис, барање или одлука издадени во каква било форма од судско или друго владино тело, или ако има известување од владина агенција или министерство кое укажува дека BlackBerry не смее да обезбедува дел од, или целата BBM Solution. Ништо од ова нема да се толкува како BlackBerry да треба да бара да се оспори кој било ваков закон, правило, пропис или рестрикција или да бара судска ревизија или да се жали на судски налог. Ако е изводливо, BlackBerry ќе вложи разумни напори да Ви достави известување триесет (30) дена однапред за вакво раскинување или прекинување во случај на Платена услуга.

(е) Освен ако овде не е изрично предвидено, BlackBerry нема да има никаква обврска кон Вас која што произлегува од или е поврзана со раскинувањето на овој Договор, или кои било права или лиценци кои што се доделени во согласност со овој Договор.

(ф) Секое раскинување според овој Договор од страна на BlackBerry ќе биде ефективно без BlackBerry да набави судска или административна согласност, одобрение или одлука во Вашата јурисдикција.

(г) Ако Вие сте жител на Франција, Вие може да го раскинете овој Договор со известување доставено триесет (30) дена однапред ако BlackBerry материјално го прекршува Договорот и ако не успее да го исправи ваквото прекршување на Договорот во разумен временски период по известувањето за таквото прекршување.

15. Ефект на раскинувањето. По раскинувањето на овој Договор, обезбедувањето на BBM Solution или која било Услуга за Вас, како и да е предизвикано, или ако Вашата претплата или бесплатна проба на BBM Solution, или дел од неа, истече или е укината: (a) Вие веднаш ќе прекинете целосно да ја користите BBM Solution, и ќе ги избришете или деинсталирате сите копии на засегнатиот Софтвер кои што Вие ги поседувате или контролирате, или во случај кога овој Договор не е раскинат, предметот(-ите) од Софтверот за кои што лиценцата, или кога се работи за Услугите, обезбедувањето на пристапна Услуга, кои што биле укинати или истечени; и (б) BlackBerry ќе има право да го блокира секое пренесување на податоци до и од ваков Софтвер и / или Услуга, без да Ве извести. По укинувањето или истекувањето на Вашата лиценца за користење на BBM Solution или кој било нејзин дел, Вие му дозволувате на BlackBerry да ги избрише фајловите, програмите, податоците и пораките поврзани со Вашата сметка на BBM Solution, или дел од неа, без да Ве извести. Вие и понатаму ќе бидете одговорни за сите износи кои ќе доспеат до и заклучно со ефективната дата на раскинувањето во врска со делот од Вашата BBM Solution и Предметите на Трета страна, вклучително износите кои треба да ги платите преку Вашиот овластен начин на плаќање. Во случај на раскинување на овој Договор од страна на BlackBerry согласно одредбите од овој Договор, Вие ќе му ги платите на BlackBerry сите надоместоци (вклучително хонорари и трошоци за адвокатите) и поврзаните трошоци направени од страна на BlackBerry при спроведувањето на своите права според овој договор.

16. Одговорност за Вашата BBM Solution. Вие сте одговорни за користењето на Вашата BBM Solution и Вие се согласувате да бидете одговорни за, и да им надоместите на BlackBerry, BlackBerry Group of Companies, и на нивните снабдувачи, застапници, овластени дистрибутери (вклучително Провајдери на Airtime Service) и ополномошници и на секој од нивните директори, службеници, вработени и независни контрактори, за сите оштетувања, загуби, трошоци или издатоци (вклучително хонорари и трошоци за адвокати) кои тие ги претрпеле или ги направиле во врска со, или кои произлегуваат од употребата на Вашата BBM Solution, вклучително секое прекршување од Ваша страна на овој Договор или додаток кон овој Договор ("Загуби"), и за сите Загуби кои што произлегуваат од побарувања или постапки поведени од трета страна. Ниеден правен лек кој што овде му е даден на BlackBerry нема за цел да биде ниту ќе биде толкуван како да исклучува кој било друг правен лек кој што е овде предвиден или кој што е дозволен според закон или правично, туку сите вакви правни лекови ќе бидат кумулативни.

17. Гаранција; Одрекување.

ЗАКОНИТЕ НА НЕКОИ ЈУРИЗДИКЦИИ МОЖЕ ДА НЕ ДОЗВОЛУВААТ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА ИЛИ ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ГАРАНЦИИТЕ, УСЛОВИТЕ, ОДОБРЕНИЈАТА, ОВЛАСТУВАЊАТА, ОБЕЗБЕДУВАЊАТА ИЛИ ИЗЈАВИТЕ ВО ДОГОВОРИТЕ СО ПОТРОШУВАЧИ И ВО СЛУЧАЈ АКО ВИЕ СТЕ ПОТРОШУВАЧ ОВИЕ ИСКЛУЧУВАЊА МОЖЕ ДА НЕ ВАЖАТ ЗА ВАС. АКО СТЕ ЖИТЕЛ НА ФРАНЦИЈА, ОГРАНИЧЕНАТА ГАРАНЦИЈА КОЈА СЕ ДАВА ВО ОВОЈ ДОГОВОР НЕ Е ВО СПРОТИВНОСТ СО КОИ БИЛО СО ЗАКОН ПРОПИШАНИ ИЛИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРАВА КОИ ШТО ВИЕ МОЖЕ ДА ГИ ИМАТЕ СПОРЕД ФРАНЦУСКИОТ ЗАКОН ЗА КОЈА БИЛО ГАРАНЦИЈА ВО ПОГЛЕД НА ЗАКОНСКИ СКРИЕНИ ДЕФЕКТИ. АКО СТЕ ЖИТЕЛ НА ЛУКСЕМБУРГ, ОВОЈ ДОГОВОР НЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ ВАШИТЕ СО ЗАКОН ПРОПИШАНИ ПРАВА ВО ПОГЛЕД НА ЛАТЕНТНИ ДЕФЕКТИ.

(a) BBM Solution. BlackBerry ја прави BBM Solution со разумна грижа и вештина. BlackBerry не дава никакви ветувања или гаранции за BBM Solution и особено не гарантира ниту дава друго слично уверение дека:
(i) Вашето користење на Вашата BBM Solution ќе биде непрекинато или без грешка или постојано ќе Ви биде на располагање; или
(ii) Вашата BBM Solution, вклучително кои било пораки, Содржина или информации испратени од Ваша страна или до Вас или чувани од Вас или во Ваше име, нема да бидат загубени, расипани, нападнати, со вируси, пореметени, хакирани или на друг начин безбедносно загрозени, или дека ќе бидат точни, пренесени во неоштетена форма или во рамките на разумен временски период.

(б) Општи гаранции.
(i) ДО НАЈГОЛЕМИОТ СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СПОРЕД ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН, ОСВЕН КАКО ШТО Е ОВДЕ ИЗРИЧНО ИЗНЕСЕНО, СИТЕ УСЛОВИ, ОДОБРЕНИЈА, ОВЛАСТУВАЊА, ОБЕЗБЕДУВАЊА, ИЗЈАВИ ИЛИ ГАРАНЦИИ ОД КАКОВ БИЛО ВИД, ИЗРИЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИРАНИ, ВКЛУЧИТЕЛНО КАКВИ БИЛО УСЛОВИ, ОДОБРЕНИЈА, ОВЛАСТУВАЊА, ИЗЈАВИ ИЛИ ГАРАНЦИИ ЗА ТРАЈНОСТ, СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА ЦЕЛ ИЛИ УПОТРЕБА, МОЖНОСТ ЗА ПРОДАВАЊЕ, ПРОДАЖЕН КВАЛИТЕТ, НЕ-ПРЕКРШУВАЊЕ, ЗАДОВОЛИТЕЛЕН КВАЛИТЕТ ИЛИ НАЗИВ, ИЛИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД СТАТУТ ИЛИ ОБИЧАЈ ИЛИ ВО ТЕКОТ НА РАБОТЕЊЕ ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА ТРГОВИЈА, И СИТЕ ДРУГИ ОВЛАСТУВАЊА, ИЗЈАВИ, УСЛОВИ, ОДОБРЕНИЈА ИЛИ ГАРАНЦИИ ОД КАКОВ БИЛ ВИД, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ИЗРИЧНО ИЛИ ИМПЛИЦИРАНО, СО ОВА СЕ ОТПОВИКУВААТ И ИСКЛУЧУВААТ. АКО СТЕ ЖИТЕЛ НА ПОЛСКА, BLACKBERRY ИЗРИЧНО ЈА ИСКЛУЧУВА СО ЗАКОН ПРОПИШАНАТА ГАРАНЦИЈА (RĘKOJMIA) ВО ПОГЛЕД НА СТОКИТЕ И / ИЛИ УСЛУГИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СПОРЕД ОВОЈ ДОГОВОР.
(ii) До најголемиот степен дозволен според важечкиот закон, какви било имплицирани овластувања, одобренија, гаранции, обезбедувања, изјави или услови поврзани со Софтверот доколку тие не можат да бидат исклучени како што е погоре изнесено, но може да бидат ограничени, со ова се ограничуваат на деведесет (90) дена од денот кога Вие за првпат сте го инсталирале Софтверот на Вашиот уред.

(ц) Предмети на Трета страна и Услуги на Трета страна, Поврзани сајтови.
(i) ОСВЕН ДО ОНОЈ СТЕПЕН ДО КОЈ Е СПЕЦИФИЧНО ЗАБРАНЕТО СО ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН, УСЛУГИТЕ НА ТРЕТА СТРАНА И ПРЕДМЕТИТЕ НА ТРЕТА СТРАНА НЕ СЕ ПОД КОНТРОЛА НА BLACKBERRY, BLACKBERRY НЕ ОДОБРУВА ОДРЕДЕНИ ПРЕДМЕТИ НА ТРЕТА СТРАНА ИЛИ УСЛУГИ НА ТРЕТА СТРАНА И BLACKBERRY НЕ СНЕСУВА ОДГОВОРНОСТ ЗА ВАШИОТ ИЗБОР, УПОТРЕБА, ПРИСТАП ИЛИ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА УСЛУГИ НА ТРЕТА СТРАНА ИЛИ ПРЕДМЕТИ НА ТРЕТА СТРАНА.
(ii) ГОРЕНАВЕДЕНОТО ВАЖИ БЕЗ ОГЛЕД НА ТОА: (A) КАКО ВИЕ ДОБИВАТЕ ИЛИ ОБЕЗБЕДУВАТЕ ПРИСТАП ДО ПРЕДМЕТИ НА ТРЕТА СТРАНА И / ИЛИ УСЛУГИ НА ТРЕТА СТРАНА, Т.Е. ДАЛИ НЕЗАВИСНО ОД, ИЛИ ПРЕКУ BLACKBERRY ИЛИ ВАШИОТ ПРОВАЈДЕР НА AIRTIME SERVICE; ИЛИ (Б) ДАЛИ НЕКОИ ОД ВАКВИТЕ ПРЕДМЕТИ НА ТРЕТА СТРАНА ИЛИ УСЛУГИ НА ТРЕТА СТРАНА (ВКЛУЧИТЕЛНО AIRTIME SERVICES) СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ СО ЦЕЛ ДА СЕ КОРИСТИ ЦЕЛА ИЛИ КОЈ БИЛО ДЕЛ ОД ВАШАТА BBM SOLUTION.
(iii) БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПОГОРЕ ИЗНЕСЕНОТО, ОСВЕН ДО ОНОЈ СТЕПЕН ДО КОЈ Е СПЕЦИФИЧНО ЗАБРАНЕТО СО ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН, СИТЕ ПРЕДМЕТИ НА ТРЕТА СТРАНА И УСЛУГИ НА ТРЕТА СТРАНА КОИ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ИЛИ СТАВЕНИ НА РАСПОЛАГАЊЕ ОД СТРАНА НА BLACKBERRY, ИЛИ НА ПОИНАКОВ НАЧИН КОРИСТЕНИ ОД ВАША СТРАНА ЗАЕДНО СО BBM SOLUTION, НА БАЗА "КАКО ШТО СЕ" И "КАКО ШТО СЕ ДОСТАПНИ", БЕЗ КАКВО БИЛО УСЛОВУВАЊЕ, ОДОБРЕНИЕ, ОВЛАСТУВАЊЕ, УВЕРЕНИЕ, ИЗЈАВА ИЛИ ГАРАНЦИЈА ОД КАКОВ И ДА Е ВИД, И BLACKBERRY НЕМА ДА ИМА НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ КОН ВАС ИЛИ КОН КОЈА БИЛО ТРЕТА СТРАНА КОЈА ШТО ПОБАРУВА ОД ИЛИ ПРЕКУ ВАС, ЗА БИЛО КАКОВ ПРОБЛЕМ ПОВРЗАН СО ПРЕДМЕТИТЕ НА ТРЕТА СТРАНА ИЛИ УСЛУГИТЕ НА ТРЕТА СТРАНА, ВКЛУЧИТЕЛНО: (A) ТОЧНОСТА, ПРЕНОСОТ, НАВРЕМЕНОСТА ИЛИ ПОСТОЈАНАТА ДОСТАПНОСТ НА ВАКВИТЕ ПРЕДМЕТИ НА ТРЕТА СТРАНА ИЛИ УСЛУГИ НА ТРЕТА СТРАНА ИЛИ НА КОЈ БИЛО ДЕЛ ОД СОФТВЕРОТ КОЈ ШТО Е ДИЗАЈНИРАН САМО ЗА ДА ОБЕЗБЕДИ ВАКОВ ПРИСТАП; (Б) ИЗВЕДБАТА ИЛИ НЕ-ИЗВЕДБАТА НА ПРЕДМЕТИТЕ НА ТРЕТА СТРАНА ИЛИ УСЛУГИТЕ НА ТРЕТА СТРАНА; ИЛИ (Ц) МЕЃУФУНКЦИОНАЛНОСТА НА ПРЕДМЕТИТЕ НА ТРЕТА СТРАНА ИЛИ УСЛУГИТЕ НА ТРЕТА СТРАНА СО ЦЕЛАТА ИЛИ ДЕЛ ОД ВАШАТА BBM SOLUTION; ИЛИ (Д) ПОСТАПКИТЕ ИЛИ ПРОПУСТИТЕ НА КОЈА БИЛО ТРЕТА СТРАНА ВО ВРСКА СО ПРЕДМЕТИТЕ НА ТРЕТА СТРАНА ИЛИ УСЛУГИТЕ НА ТРЕТА СТРАНА, ВКЛУЧИТЕЛНО, ВО ПОГЛЕД НА КОРИСТЕЊЕТО НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ ОД ТАА ТРЕТА СТРАНА.
(iv) БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПОГОРЕ ИЗНЕСЕНОТО, ОСВЕН ДО ОНОЈ СТЕПЕН ДО КОЈ Е СПЕЦИФИЧНО ЗАБРАНЕТО СО ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН, ВИЕ СПЕЦИФИЧНО СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА BLACKBERRY НЕ Е ОДГОВОРЕН ЗА КАКВИ БИЛО ВИРУСИ ИЛИ КАКВИ БИЛО ЗАКАНУВАЧКИ, КЛЕВЕТНИЧКИ, НЕПРИСТОЈНИ, ДЕЛИКАТНИ, НАВРЕДЛИВИ ИЛИ НЕЗАКОНСКИ УСЛУГИ НА ТРЕТА СТРАНА, ПРЕДМЕТИ НА ТРЕТА СТРАНА ИЛИ ЗА БИЛО КОИ ПРЕДМЕТИ НА ТРЕТА СТРАНА ИЛИ УСЛУГИ НА БИЛО КОЈА ТРЕТА СТРАНА ИЛИ ЗА НИВНОТО ПРЕНЕСУВАЊЕ КОИ ШТО ГИ ПРЕКРШУВААТ ПРАВАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ НА БИЛО КОЈА ТРЕТА СТРАНА. ВАШЕТО БАРАЊЕ ЗА НАДОМЕСТ ВО СЛУЧАЈ НА КАКВО БИЛО ВАКВО ПОБАРУВАЊЕ ВО ПОГЛЕД НА КАКВИ БИЛО ПРЕДМЕТИ НА ТРЕТА СТРАНА ИЛИ УСЛУГИ НА ТРЕТА СТРАНА ЌЕ СЕ ОДНЕСУВА САМО ПРОТИВ РЕЛЕВАНТНИТЕ ТРЕТИ СТРАНИ.

(д) Mission Critical Апликации. ВАШАТА BBM SOLUTION И КОЈ БИЛО НЕЈЗИН ДЕЛ, НЕ СЕ ПОГОДНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ ВО MISSION CRITICAL АПЛИКАЦИИ ИЛИ ВО РИЗИЧНИ СРЕДИНИ ИЛИ СРЕДИНИ ЗА КОИ ШТО СЕ ПОТРЕБНИ FAIL-SAFE КОНТРОЛИ ИЛИ ПЕРФОРМАНСИ, ВКЛУЧИТЕЛНО РАБОТЕЊЕТО НА НУКЛЕАРНИ ПОСТРОЈКИ, СИСТЕМИ ЗА АВИОНСКА НАВИГАЦИЈА ИЛИ КОМУНИКАЦИСКИ СИСТЕМИ, КОНТРОЛА НА ВОЗДУШЕН СООБРАЌАЈ, СПАСУВАЊЕ НА ЖИВОТИ, СИСТЕМИ ЗА НАОРУЖУВАЊЕ, ИЛИ ЛОКАТОР ЗА ИТНИ СЛУЧАИ ИЛИ ДРУГИ СЛУЖБИ ЗА ИТНИ СЛУЧАИ. ВИЕ ИЗЈАВУВАТЕ И ГАРАНТИРАТЕ ДЕКА ЌЕ ОДРЖУВАТЕ СООДВЕТНИ СИСТЕМИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И БЕКАП СИСТЕМИ, И ВО СЛУЧАЈ НА: (i) ПРЕКИН НА УПОТРЕБАТА ИЛИ УСЛУГАТА; ИЛИ (ii) ПРОБЛЕМИ ИЛИ ГРЕШКИ ВО ПРЕНОСОТ НА ПОДАТОЦИ; ИЛИ (iii) ГУБЕЊЕ ИЛИ ОШТЕТУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ; ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ВЕДНАШ ДА: ДА УБЛАЖИТЕ НЕКОЈА ИЛИ СИТЕ ЗАГУБИ И ОШТЕТУВАЊА И ДА МУ ГИ ПРИЈАВИТЕ ВАКВИТЕ ПРОБЛЕМИ НА BLACKBERRY. БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОПШТОТО ОТПОВИКУВАЊЕ НА ОШТЕТУВАЊАТА ВО ДЕЛ 18(Б), ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ BLACKBERRY НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА КАКВИ БИЛО ОШТЕТУВАЊА КОИ ШТО РЕЗУЛТИРААТ ОД ВАШАТА УПОТРЕБА НА ВАШАТА BBM SOLUTION, ИЛИ КОЈ БИЛО НЕЈЗИН ДЕЛ, ЗА MISSION CRITICAL АПЛИКАЦИИТЕ ИЛИ ВО РИЗИЧНИ СРЕДИНИ ИЛИ СРЕДИНИ ЗА КОИ СЕ ПОТРЕБНИ FAIL-SAFE КОНТРОЛИ ИЛИ ПЕРФОРМАНСИ, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ВАКВИТЕ ОШТЕТУВАЊА БИЛЕ ПРЕДВИДЕНИ ИЛИ НЕ, ПА ДУРИ И АКО BLACKBERRY БИЛ ЗАПОЗНАТ СО МОЖНОСТА ЗА ВАКВИ ОШТЕТУВАЊА.

(е) Софтвер купен од iTunes Продавница. Што се однесува на Софтвер кој што е купен од iTunes Продавница, во случај ако Софтверот не се повинува на која било важечка гаранција, Вие може да го известите Apple и Apple ќе ви ја рефундира куповната цена која што Вие сте ја платиле за Вашиот примерок на Софтвер, и Apple нема да има никаква друга одговорност за какви било други побарувања, загуби, обврски, оштетувања, трошоци или издатоци кои што би можеле да се однесуваат на непочитувањето на која било важечка гаранција.

18. Ограничувања на одговорноста.

ОДРЕДЕНИ ЗЕМЈИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ОГРАНИЧУВАЊЕ ИЛИ ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ, ИНДИРЕКТНИ ИЛИ ДРУГИ ОШТЕТУВАЊА ВО ДОГОВОРИТЕ СО ПОТРОШУВАЧИТЕ И ДОКОЛКУ ВИЕ СТЕ ПОТРОШУВАЧ ВО ТИЕ ЗЕМЈИ ОГРАНИЧУВАЊАТА ИЛИ ИСКЛУЧОЦИТЕ ВО ОВОЈ ДЕЛ МОЖЕ ДА НЕ ВАЖАТ ЗА ВАС.

(а) ДО НАЈГОЛЕМИОТ СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН И ЗАВИСНО ОД СПЕЦИФИЧНИТЕ ПРАВНИ ЛЕКОВИ СОДРЖАНИ ВО ОВОЈ ДОГОВОР, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ BLACKBERRY НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА КОЈ БИЛО ОД СЛЕДНИТЕ ВИДОВИ НА ОШТЕТУВАЊА: ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ, ЕГЗЕМПЛАРНИ, ИНЦИДЕНТНИ, ИНДИРЕКТНИ, ПОСЕБНИ, КАЗНЕНИ, МОРАЛНИ ИЛИ НАТРУПАНИ ОШТЕТУВАЊА, ОШТЕТУВАЊА ЗА ЗАГУБА НА ДЕЛОВНИ ПРОФИТИ ИЛИ ПРИХОДИ, НЕУСПЕХ ДА СЕ ОСТВАРАТ НЕКОИ ОЧЕКУВАНИ ЗАРАБОТКИ, ПРЕКИН НА БИЗНИСОТ, ЗАГУБА НА ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ, ЗАГУБА НА ДЕЛОВНА МОЖНОСТ ИЛИ ОШТЕТУВАЊЕ ИЛИ ЗАГУБА НА ПОДАТОЦИ ИЛИ ПРЕКРШУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ, НЕУСПЕХ ДА СЕ ИСПРАТАТ ИЛИ ДОБИЈАТ КАКВИ БИЛО ПОДАТОЦИ, ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО КОИ БИЛО АПЛИКАЦИИ КОИ ШТО СЕ КОРИСТАТ ВО СПРЕГА СО ВАШАТА BBM SOLUTION ИЛИ КОИ ШТО РЕЗУЛТУРААТ ОД БИЛО КАКВИ ИЗМЕНИ ИЛИ ПРОБАНИ ИЗМЕНИ НА ВАШАТА BBM SOLUTION, ИЛИ КОЈ БИЛО НЕЈЗИН ДЕЛ, ОД СТРАНА НА КОЈ БИЛО КОЈ ШТО НЕ Е BLACKBERRY, ТРОШОЦИ ОД ЗАСТОЈ, ЗАГУБА ПОРАДИ НЕФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ВАШАТА BBM SOLUTION ИЛИ КОЈ БИЛО НЕЈЗИН ДЕЛ ИЛИ НА УСЛУГИ НА ТРЕТА СТРАНА ИЛИ ПРЕДМЕТИ НА ТРЕТА СТРАНА, ТРОШОК ЗА ЗАМЕНА НА СТОКИ, ТРОШОЦИ ЗА ПОКРИВАЊЕ, КАПАЦИТЕТИ ИЛИ УСЛУГИ, ТРОШОК ЗА КАПИТАЛ ИЛИ ДРУГИ СЛИЧНИ ПАРИЧНИ ЗАГУБИ КОИ ШТО СЕ ПОЈАВУВААТ ОД ИЛИ КОИ ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ОВОЈ ДОГОВОР ИЛИ СО ВАШАТА BBM SOLUTION, ВКЛУЧИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕТО, НЕМОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ, УЧИНОКОТ ИЛИ ЛОШИОТ УЧИНОК НА ВАШАТА BBM SOLUTION, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ВАКВИТЕ ОШТЕТУВАЊА БИЛЕ ПРЕДВИДЕНИ ИЛИ НЕПРЕДВИДЕНИ И ДУРИ И АКО НА BLACKBERRY МУ Е ПРЕДОЧЕНА МОЖНОСТА ЗА ВАКВИ ОШТЕТУВАЊА.

(б) До најголемиот можен степен дозволен според важечкиот закон, во никој случај вкупната одговорност на BlackBerry нема да го надмине: (i) износот платен за тој дел од Софтверот кој што е во прашање; (ii) износот платен за релевантниот период на Споменатата услуга која што е во прашање; и (iii) пет (5) американски долари.
(ц) До најголемиот можен степен дозволен според важечкиот закон, до степенот до кој BlackBerry е обврзан кон Вас според овој договор, BlackBerry ќе биде одговорен само за оштетувањата кои што настанале за време на периодот на ваквиот дефект, одложување или неработење на Вашата BBM Solution.
(д) Ништо во овој Дел не ја ограничува одговорноста на BlackBerry кон Вас во случај на смрт или телесна повреда до степен кој што резултира директно од небрижноста на BlackBerry; под услов ако оштетувањата кои што BlackBerry треба да ги плати, се намалени до ниво на Вашиот или на нечиј друг придонес. Ако сте жител на Италија или Луксембург, ништо во овој Дел не ја ограничува одговорноста на BlackBerry кон Вас до степен кој што директно резултира од злонамерност или крајна небрежност од страна на BlackBerry; под услов ако оштетувањата кои што BlackBerry треба да ги плати, се намалени до ниво на Вашиот или на нечиј друг придонес.
(е) ДО НАЈГОЛЕМИОТ СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН, СЕКОЈА СТРАНА ЌЕ БИДЕ ОБВРЗАНА КОН ДРУГАТА САМО ОНАКА КАКО ШТО Е ИЗРИЧНО ПРЕДВИДЕНО ВО ОВОЈ ДОГОВОР И НЕМА ДА ИМА ДРУГА ОБВРСКА, ДОЛЖНОСТ ИЛИ ОДГОВОРНОСТ БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЗА ДОГОВОР, ДЕЛИКТ, СПОРЕД ЗАКОН ИЛИ ПОИНАКУ.
(ф) ДО НАЈГОЛЕМИОТ СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН, ОГРАНИЧУВАЊАТА, ИСКЛУЧУВАЊАТА И ОДРЕКУВАЊАТА ВО ОВОЈ ДОГОВОР: (i) ЌЕ ВАЖАТ БЕЗ ОГЛЕД НА ПРИРОДАТА НА ПРИЧИНАТА ЗА ПОКРЕНУВАЊЕ ПОСТАПКА, БАРАЊЕ ИЛИ ДЕЈСТВО ОД ВАША СТРАНА ВКЛУЧИТЕЛНО, НО НЕ ОГРАНИЧЕНО НА НЕБРИЖНОСТ, ДЕЛИКТ, СТРИКТНА ОДГОВОРНОСТ, ЗАКОН, ПРЕКРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ИЛИ КОЈА БИЛО ДРУГА ПРАВНА ТЕОРИЈА; (ii) ЌЕ ВАЖАТ И ПО ФУНДАМЕНТАЛНО ПРЕКРШУВАЊЕ ИЛИ ПРЕКРШУВАЊА ИЛИ ПО НЕИСПОЛНУВАЊЕТО НА ОСНОВНАТА ЦЕЛ НА ОВОЈ ДОГОВОР ИЛИ НА КОЈ БИЛО ПРАВЕН ЛЕК СОДРЖАН ВО НЕГО; (iii) НЕМА ДА ВАЖАТ ЗА ОБВРСКИТЕ ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ КОИ ШТО СЕ ОВДЕ ИЗЛОЖЕНИ ИЛИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА ИЛИ ПРЕКРШУВАЊЕ ОД БИЛО КОЈА СТРАНА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ НА ДРУГАТА СТРАНА ИЛИ ПРЕКРШУВАЊЕ НА ДЕЛОВИТЕ ОД ОВОЈ ДОГОВОР НАСЛОВЕНИ КАКО: "ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ ЗА BBM SOLUTION" (ДЕЛ 2), "КОРИСТЕЊЕ НА СОФТВЕРОТ " (ДЕЛ 3), "ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ" (ДЕЛ 9), "ИЗВОЗ, УВОЗ И ОГРАНИЧУВАЊА НА КОРИСТЕЊЕТО И ЛИЦЕНЦИ НА АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА" (ДЕЛ 10), "ДОВЕРЛИВОСТ И ОТСУСТВО НА ОБРАТЕН ИНЖЕНЕРИНГ " (ДЕЛ 12) И "ПОДАТОЦИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ" (ДЕЛ 20), И (iv) ВАЖАТ ЗБИРНО, ЗА BLACKBERRY ИЛИ ЗА BLACKBERRY GROUP OF COMPANIES, ЗА НИВНИТЕ НАСЛЕДНИЦИ, ПОЛНОМОШНИЦИ И ОВЛАСТЕНИ ДИСТРИБУТЕРИ НА BLACKBERRY (ВКЛУЧИТЕЛНО ПРОВАЈДЕРИ НА AIRTIME SERVICES ВО СВОЈСТВО НА ОВЛАСТЕНИ ДИСТРИБУТЕРИ НА BLACKBERRY ЗА СОФТВЕРОТ).
(г) ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НИЕДЕН СЛУЖБЕНИК, ДИРЕКТОР, ВРАБОТЕН, ЗАСТАПНИК, ДИСТРИБУТЕР, СНАБДУВАЧ (ОСВЕН ПРОДАВАЧ ШТО НУДИ), ПРОВАЈДЕР НА УСЛУГИ, НЕЗАВИСЕН КОНТРАКТОР ИЛИ КОЈ БИЛО ПРОВАЈДЕР НА AIRTIME SERVICE (ОСВЕН КАКО ШТО Е ПОГОРЕ НАЗНАЧЕНО) НА КОЈА БИЛО BLACKBERRY GROUP OF COMPANIES НЕМА НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ КОЈА ШТО СЕ ПРОИЗЛЕГУВА ОД ИЛИ Е ПОВРЗАНА СО ОВОЈ ДОГОВОР.
(х) ВИЕ ПОТВРДУВАТЕ И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА ОДРЕКУВАЊАТА, ИСКЛУЧУВАЊАТА И ОГРАНИЧУВАЊАТА КОИ ШТО СЕ УТВРДЕНИ ВО ОВОЈ ДОГОВОР ПРЕТСТАВУВААТ СУШТИНСКИ ЕЛЕМЕНТ НА ДОГОВОРОТ ПОМЕЃУ СТРАНИТЕ И ДЕКА ВО ОТСУСТВО НА ВАКВИ ОДРЕКУВАЊА, ИСКЛУЧУВАЊА И ОГРАНИЧУВАЊА: (i) НАДОМЕСТОЦИТЕ И ДРУГИТЕ УСЛОВИ ВО ОВОЈ ДОГОВОР ЌЕ БИДАТ СУШТИНСКИ РАЗЛИЧНИ; И (ii) ТОА ЌЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ СПОСОБНОСТА НА BLACKBERRY ДА ЈА ПОНУДИ И ВРЗ ВАШАТА СПОСОБНОСТ ДА ГИ КОРИСТИТЕ BBM SOLUTION, СОФТВЕРОТ ИЛИ УСЛУГИТЕ СПОРЕД ОВОЈ ДОГОВОР И / ИЛИ СПОСОБНОСТА НА BLACKBERRY ДА ВИ ОВОЗМОЖИ ПРИСТАП ДО ПРЕДМЕТИТЕ НА ТРЕТА СТРАНА И ДО УСЛУГИТЕ НА ТРЕТА СТРАНА ПРЕКУ ВАШАТА BBM SOLUTION.

19. Согласност за собирање, користење, обработка, пренесување, чување и обелоденување (збирно, "Процес" или "Обработка" на информации.

Личните информации кои што се Обработувани од страна на BlackBerry Group of Companies и провајдерите на нејзините услуги ќе се третираат во согласност со Политиката за приватност на BlackBerry (која што овде е инкорпорирана со упатување во овој Договор и може да се види на www.blackberry.com/legal или да се добие со праќање на и-меил до legalinfo@blackberry.com). Ако Вие сте во Европската заедница или во земја во Европската економска зона, онаму каде е применливо, контролорот на податоци во поглед на Вашите лични податоци е BlackBerry ентитетот со кој што Вие сте го склучиле овој Договор.

(а) Лични информации. Вашето користење на BBM Solution (или кој било нејзин дел), вклучително инсталирањето и / или употребата на Софтверот, или поврзаните Airtime Services, или создавањето на BlackBerry ID, може да резултира во Обработка на личните информации како што е дефинирано според важечкиот закон за Вас, или ако Вие сте корпорација или друга форма на правен ентитет, Вашите вработени и други поединци кои што Вие сте ги овластиле да ја користат Вашата BBM Solution во Ваше име (збирно, "Корисници") од страна на BlackBerry Group of Companies и провајдерите на нејзините услуги, Вашите провајдери на Airtime Service, и трети страни со производи или услуги кои што се користат со Вашата BBM Solution. Во зависност од користените Услуги, личните информации може да вклучуваат информации како што се име, прикажана слика, статус и лични пораки, и-меил адреса, телефонски број, префериран јазик, BlackBerry ID, овластувања и подесувања на сметка, информации за Уредот (на пример, идентификатори на уредот и модел на Уредот), земја и временска зона, информации за Провајдерот на Airtime Service, и информации за употребата на функцијата на Вашата BBM Solution и Услугите или софтверот и хардверот кои што се користат во спрега со Вашата BBM Solution. Во зависност од достапноста на карактеристиките на BBM Solution, BBM Solution може да пристапи до информации од адресарот, податоците за локација на уредот, календарот, фотографиите, потсетниците и тие да бидат Обработени од страна на BlackBerry за да обезбедат функција која што ги користи овие информации како дел од, или во спрега со BBM Solution (на пример, да ви се овозможи да испратите "Препорачувам BBM" и-меил или SMS до контактот(-ите) во Вашиот адресар). Вие се согласувате дека BlackBerry Group of Companies може да собира вакви лични информации од Вас директно или да ги добие од Провајдерите на Airtime Service или трети страни со производи или услуги кои што се користат со Вашата BBM Solution. Ако сте корпорација или друг правен ентитет, Вие ќе се осигурате дека сте ги обезбедиле сите потребни дозволи и овластувања за да се согласите и да давате согласности кои што се бараат според овој Дел 19 и кои што се поврзани со личните податоци на Вашите Корисници кои што се собрани преку нивната употреба на Вашата BBM Solution.

(б) Цели. Во согласност со Политиката за приватност на BlackBerry, личните информации може да бидат Обработувани од страна на BlackBerry Group of Companies и нивните провајдери на услуги за целите поврзани со (i) разбирање и задоволување на Вашите потреби и преференции и со цел да бидете снабдени со Вашата BBM Solution и BlackBerry ID; (ii) развивање на нови и подобрување на постојните производи и услуги, како и со цел да бидете известени за нив; (iii) менаџирање и развивање на бизнисот и операциите на BlackBerry Group of Companies; и (iv) исполнување на законските и регулаторните барања. Понатаму, BlackBerry може да им ги стави на располагање или да им ги испрати на Корисниците ажурирањата и надградбите, или известувања за ажурирања или надградби, за Софтверот, или за други производи и услуги на BlackBerry, за Софтвер на Трета страна, Содржина на Трета страна или Услуги на Трета страна и поврзани производи или услуги.

(ц) "Облачни" Услуги. Вие потврдувате дека BBM Solution ги прави достапни облачните ("cloud based") пораки и други услуги кои што може да вклучуваат далечински пристап, чување или бекап функција обезбедена од страна на BlackBerry Group of Companies или од нивните провајдери на услуги и Вие се согласувате дека со користење на ваквите услуги, информациите кои што Вие ги внесувате, ги обезбедувате или ги интегрирате со ваквите услуги (на пример, прикажани имиња и слики, пораки за статусот, список на контакти или информации за групи, календар, или други информации на уредот како што се задачи и фајлови за медиуми) може да бидат Обработени од страна на BlackBerry Group of Companies заради овозможување на услугите кои што се нудат во согласност со Вашиот Договор(-и) со BlackBerry, и Вие изјавувате и гарантирате дека ги имате сите потребни согласности за обезбедување на вакви податоци за BlackBerry.

(д) Социјална функција. BBM Solution вклучува "социјална функција" која што Ви овозможува да бидете најдени и да се поврзете со други поединци и да го подобрите или зголемите Вашето искуство со Услугите или софтверот, или со Софтвер на Трета страна или со Услуги на Трета страна кои што се интегрирани во социјалната функција ставена на располагање од страна на BlackBerry. Ако користите ваква функција, Вие се согласувате Вашата достапност за интеракција или за поврзување со другите да им биде предочена на другите, а вашиот профил, прикажани имиња, прикажани слики, пораки за статусот, статусот на членството и други идентификатори или информации да може тие поединци да ги гледаат и да коментираат за нив. На пример, ако Вие користите една Услуга или Услуга на Трета страна која што е интегрирана во социјалната платформа на BBM, Вие се согласувате дека, кога ваквата функција постои: (i) контактите од Вашиот BlackBerry Messenger може да видат дали Вие користите ваква Услуга или Услуга на Трета страна; (ii) Вашите контакти може да го гледаат Вашиот профил и софтверот и Содржината (како што се игри, музика или други медиумски фајлови, зависно од Услугата или Софтверот на Трета страна) кои што Вие сте ги симнувале, консумирале или кои што се достапни за споделување како дел од Вашата употреба на Услугата или Услугата на Трета страна, како и коментарите кои што Вие или другите ги прават за нив; (iii) кога Вие оставате коментари за Вашите контакти или за софтверот или Содржината која што тие ја симнувале или ја користеле како дел од нивната употреба на Услугата или Услугата на Трета страна, информациите за Вас (како што се Вашите коментари, корисничко име на профилот, и прикажаната слика) може да им бидат прикажани на другите контакти на тој поединец; и (iv) Услугата или Услугата на Трета страна може да вклучува автоматска функција која врши анализа за да развие препораки врз основа на Вашите преференции и користењето на Услугата или Софтверот. Ве молиме да ги штиклирате достапните опции за подесување на важечките Услуги или Софтвер за достапни опции за да ја прилагодите достапноста или подесувањата на приватноста за ваквите Услуги или Софтвер.

(е) Интеграција со Услуги на Трети страни. BBM Solution може да бара да функционираат Услуги на Трети страни (на пример, Airtime Services). Ако одлучите да ја интегрирате или поврзете Вашата BBM Solution со Услуги на Трета страна (на пример, услуги кои ја овозможуваат Вашата употреба на Вашата BBM Solution во врска со социјалното мрежно работење или други услуги кои што ги нудат трети страни), Вие го овластувате BlackBerry да ги користи Вашите овластувања за пристап до Услугите на Трета страна во Ваше име и да ги Обработува Вашите лични информации во врска со ваквите Услуги на Трета страна со цел да го овозможи Вашиот пристап до ваквите Услуги на Трета страна заради Ваши лични и / или домашни цели. Обработените информации може да вклучуваат: (i) Вашиот BlackBerry ID или ID на друга важечка сметка, лозинка(-и), токени за автентификација или други овластувања за секоја ваква услуга на трета страна или друга сметка(-и) кои Вие ги интегрирате во Вашата BBM Solution; (ii) информации од профилот на Вашата сметка (на пример, BlackBerry ID, Вашата изложена слика, изложено име, лична порака, статус на достапност, земја, временска зона, уникатни идентификатори на уредот итн.); (iii) информации за контакти во уредот; (iv) индикација за тоа кои апликации или услуги на трета страна Вие сте ги поврзале на Вашата сметка на софтверот; и (v) податоци за сесиите кои произлегуваат од Вашата употреба на апликации или услуги на трета страна кои што Вие сте ги поврзале на Вашата сметка на софтверот (на пример, високи скорови кои што Вие сте ги постигнале во поврзана игра или апликација на трета страна за прикажување во кутијата на профилот на Вашата сметка на софтверот, податоци за инстант пораки кои резултураат од разговорите во инстант пораките кои што Вие сте ги направиле во рамките на поврзана апликација или услуга на трета страна и кои биле овозможени со функцијата на софтверот за инстант пораки, итн.). Вие, исто така, го овластувате BlackBerry да им ги обелоденува личните информации на важечките провајдери на Услуги на Трета страна (вклучително Провајдери на Airtime Services) заради активирање, наплата, купување, сервисирање, одржување и деактивирање. Ваквите Услуги на Трета страна до кои е пристапено не се под контрола на BlackBerry. Ако Вашите лични информации се обелоденети на Вашиот Провајдер на Airtime Service, или трети страни со производи или услуги кои што се користат со Вашата BBM Solution, тоа подлежи на важечкиот Договор(-и) и политиките за приватност на тие трети страни, а Вие треба да ги разгледате тие услови пред да користите Услуги на Трета страна и Софтвер на Трета страна. Вие треба да ги разгледате опциите или менито за помош на софтверот на Вашиот уред, како и Софтверот со цел да дознаете повеќе и доколку има можност, да ги прилагодите дозволите кои што ги давате и достапните контроли на ваквите Услуги на Трета страна и Софтвер на Трета страна.

(ф) Колачиња и Слични технологии. BlackBerry Group of Companies може да користи "колачиња" (мали делови од податоци зачувани на Вашиот Уред) или слични алатки кои што користат анонимни информации за да Ви овозможат да се најавите за одредени услуги со цел да бидете заштитени и Вие и BlackBerry, да помогнат Услугите да бидат полесни за користење или да го прилагодат Вашето искуство или за аналитика со цел да ни помогнат да разбереме како корисниците ги користат нашите Услуги и BBM Solution и да се подобрат нивните карактеристики.

(г) Поддршка и Уверение за квалитет. Ако стапите во контакт со BlackBerry за поддршка, или ако испратите дијагностички или други технички информации до BlackBerry преку и-меил или алатки за логирање обезбедени од страна на BlackBerry за вакви цели, Вие се согласувате дека BlackBerry Group of Companies може да собира технички информации како што се идентификатори на Уредот, ID на хардверот и бројот на моделот, статусот на меморијата, оперативниот систем и информациите за средината, статусот на батеријата, Wi-Fi/WLAN, радио или безжична јачина и конекции, список на инсталирани апликации, информации за користење на апликации, податоци во врска со процеси кои што се одвиваат и конфигурација на уред, настани во рамките на системот и други информации во врска со состојбата на Вашиот Уред и Софтверот на Вашиот Уред кои што може да бидат корисни за дијагностицирање. Ваквите информации ќе се користат за целите на откривање на проблеми, поддршка на потрошувачи, надградувања на софтвер, и подобрување на производите и услугите на BlackBerry во согласност со Политиката за приватност на BlackBerry. Ако анализата покаже дека е вклучен производ на трета страна, BlackBerry може да испрати одредени дијагностички или технички информации до третата страна продавач на производот како дел од процесот на откривање на проблемите. Вие потврдувате и се согласувате да се снимаат повиците до BlackBerry и до провајдерите на неговите услуги обука, обезбедување квалитет, опслужување на клиенти и препорака.

(х) Чување на пораки. Содржините на пораките кои што се испорачани од страна на BBM Solution не се чуваат ниту архивираат од страна на BlackBerry во секојдневното работење. BBM пораките се испраќани преку услуги за податоци до серверите со кои што BlackBerry работи или кои што работат во име на BlackBerry и се упатени до примателот (примателите), ако примателот (примателите) се онлајн. Кога пораката е испорачана, таа повеќе не останува на нашите сервери. Ако примателот (примателите) не се онлајн, неиспорачаната порака се чува на серверите со кои што BlackBerry работи или кои што работат во име на BlackBerry сé додека не се испорачаат најдоцна до 30 (триесет) дена, а потоа неиспорачаните пораки се бришат од нашите сервери. Содржините на кои било испорачани пораки не се чуваат ниту задржуваат од страна на BlackBerry, и тие остануваат директно на уредите на испраќачот или на примателот сé додека тие корисници не ги избришат. И покрај горе наведеното, BlackBerry може да задржи детали за трансакции поврзани со пораките и Уредите (на пример, информации за датата и времето на успешно испорачаните пораки и Уредите вклучени во пораките), како и кои било други инфорации за кои што BlackBerry е законски принуден да ги собира. Пораките кои што се испратени преку BBM Solution ќе останат на нашите сервери краток временски период по испораката, и тие се бришат и од нив се отстрануваат идентификациски информации во краток временски период во согласност со нашите општи политики за чување.

(и) Меѓународни трансфери. Вие се согласувате, со цел да обезбедите BBM Solution (вклучително облачен / "cloud based" и далечински пристап, чување или бекап функција), BlackBerry Group of Companies да ги Обработува податоците, кои што во одредени случаи може да вклучуваат лични информации и содржина на комуникациите, на сервери со кои што работи BlackBerry Group of Companies или со кои што се работи во нејзино име во и надвор од јурисдикцијата во која Корисниците се сместени, вклучително, во Канада, Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство или други земји во Европската Економска Зона, Сингапур или други земји во Азиско-Пацифичкиот регион, Обединетите Арапски Емирати или други земји во регионот на Среден Исток или други земји каде што има капацитети кои што ги води BlackBerry Group of Companies или кои што работат во нејзино име. Ако Корисниците се жители на Европската Економска Зона или која било јурисдикција каде што е потребна согласност за пренесување на лични информации надвор од таа јурисдикција или регион, Вие се согласувате за ваквата Обработка и гарантирате дека сте ги обезбедиле сите согласности кои што се потребни според важечкиот закон од Вашите Корисници за тоа да го направите.

20. Податоци за корисниците. Покрај какви било обелоденувања дозволени според Дел 19, Вие и Вашите Корисници се согласувате BlackBerry Group of Companies да има пристап, да ги чува и обелоденува Вашите и податоците на Вашите Корисници, вклучително лични информации, содржини на Вашите комуникации или информации за користењето на Вашата функција BBM Solution и услугите или софтверот и хардверот кои што се користат во спрега со Вашата BBM Solution кога е тоа достапно за BlackBerry ("Податоци за корисници"), на трети страни, вклучително странски или домашни владини ентитети, без да бидете известени според законите на земјите каде што е лоцирана BlackBerry Group of Companies и и нејзините провајдери на услуги, други партнери и подружници со цел: (i) да го почитуваат законскиот процес или важечкото владино барање или ако поинаку е пропишано според законот; (ii) да соработуваат со трети страни во истражни постапки во случај на прекршување на овој Договор; или (iii) да соработуваат со системски администратори кои што работат кај провајдери на интернет услуги, мрежи или компјутерски капацитети со цел да се примени овој Договор. Вие гарантирате дека сте ги обезбедиле сите согласности кои што се потребни според важечкиот закон од Вашите Корисници за да им ги обелоденувате Податоците за Корисниците на BlackBerry Group of Companies и за BlackBerry Group of Companies да собираат, користат, обработуваат, пренесуваат и / или обелоденуваат вакви Податоци за Корисниците како што е погоре опишано.

21. Пренос и делегирање. BlackBerry може да го пренесе овој Договор без да Ве извести. Вие не смеете да го пренесете овој Договор во целост или делумно без претходна писмена согласност на BlackBerry (ваквата согласност може да биде задржана или условена врз основа на дискреционото право на BlackBerry) и секој пренос без претходна писмена согласност на BlackBerry ќе биде неважечки и нема да има дејство. BlackBerry може да ги врши сите обврски кои што треба да ги исполни според овој Договор директно или може некои или сите обврски да ги пренесе на неговиот контрактор или подконтрактори.

22. Известувања. Освен ако не е поинаку предвидено во овој Договор, сите известувања или други соопштенија според овој договор ќе се сметаат дека се прописно дадени кога тие се во писмена форма или испорачани лично, по курир или пратени по пошта, припејд пошта, препорачана пошта или нејзин еквивалент, при што се бара признаница и адресирано до Вас на адресата која што Вие сте ја назначиле во BlackBerry, и адресирано до BlackBerry UK Limited, 200 Bath Road, Slough, Berkshire, United Kingdom SL1 3XE, За: Управен директор. Покрај горе наведеното, BlackBerry може, по свој избор, да Ви достави известување според овој Договор по електронски пат. Електронското известување испратено до Вас ќе се смета дека е прописно дадено кога е пратено на и-меил адресата која Вие сте ја оставиле во BlackBerry, а ако Вие не сте оставиле адреса во BlackBerry, известувањето може да се смета како прописно дадено кога е видливо поставено на http://www.blackberry. com/legal/.

23. Виша сила. И покрај која било друга одредба од овој Договор, ниедна од Страните нема да се смета дека го прекршила овој Договор поради тоа што не успеала да ги исполни своите обврски кога тоа е резултат на причини кои што се вон разумна контрола, за кои Вие се согласуваат дека ги опфаќаат настаните кои што се наведени во Дел 17(a)(ii). Оваа одредба нема да се толкува како оправдување за неизвршување на обврска од која било Страна за плаќање на другата Страна според овој Договор.

24. Општо.

(a) Корисници на Трета страна. Партнерите на BlackBerry и директорите, службениците и вработените во BlackBerry и кај неговите партнери, се планирани корисници на трета страна за целите на Деловите од овој Договор насловени како, "Служби за итни случаи" (Дел 8), "Одговорност за Вашата BBM Solution" (Дел 16), "Ограничување на одговорноста" (Дел 18) и "Гаранција; Одрекување" (Дел 17), бидејќи секој од нив беше страна во овој Договор, во согласност со овој Дел и одредбите на Договорот (Права на Трети страни) Закон на Англија од 1999 година ("Акт за Трети страни"). Снабдувачите на Содржина за Услугите се корисници на трета страна на заштитите и рестрикциите на употребата на нивната Содржина изложени во "Правила за употреба на BBM Solution" (Дел 2) и "Интелектуална сопственост" (Дел 9) како да секој е Страна на овој Договор, во согласност со овој Дел и одредбите на Актот за Трети страни. Освен ако не е поинаку специфично изјавено во овој Договор или во Актот за Трети страни, секое лице кое што не е Страна на овој Договор нема права според овој Договор или според Актот за Трети страни Ако сте го купиле Софтверот од iTunes Продавница на Apple, Вие потврдувате и се согласувате дека Apple Inc. и неговите подружници се корисници на трета страна на овој Договор, и дека по Вашето прифаќање на овој Договор, Apple и неговите подружници ќе имаат право (и ќе се смета дека го прифатиле ова право) да го применат во сила овој Договор со Вас како корисник на трета страна во поглед на Вашата употреба на BBM Solution на iOS платформата. Вие, исто така, потврдувате и се согласувате дека Apple Inc. и неговите подружници не се одговорни за BBM Solution, за решавање на барања поднесени од Вас или трета страна во поглед на BBM Solution, или за обезбедување на какво било одржување и поддршка во поглед на BBM Solution.
(бb) Одрекување од неисполнети обврски. Ниедна Страна нема да се смета дека се одрекла или откажала од некое право според овој Договор, без разлика дали заради неисполнување, одложување или каква било друга правна или правична доктрина, освен ако ваквото одрекување е направено во писмена форма и потпишано од овластен потписник на Страната која бара одрекувањето да се примени. Одрекувањето на која било одредба, или прекршувањето на која било одредба од овој Договор во еден случај нема да претставува одрекување како во кој било друг случај.
(ц) Времетраење. Условите и гаранциите содржани во овој Договор кои што според нивната смисла и контекст се наменети да важат за целото времетраење на договорот сé до истекувањето, откажувањето или раскинувањето на овој Договор, вклучително, на деловите за обештетување.
(д) Управувачки закон и решавање на спорови. ОВОЈ ДОГОВОР ЌЕ СЕ УПРАВУВА И ЌЕ СЕ ТОЛКУВА СПОРЕД ЗАКОНИТЕ НА АНГЛИЈА И ВЕЛС, СО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ЗБИРКА НА ЗАКОНИ КОИ ГИ РЕГУЛИРААТ КОНФЛИКТИТЕ НА ЗАКОНОТ. АКО СТЕ ЖИТЕЛ НА ФРАНЦИЈА И АКО СТЕ ПОТРОШУВАЧ КАКО ШТО СЕ ТОЛКУВА СПОРЕД ФРАНЦУСКИОТ КОДЕКС НА ПОТРОШУВАЧИ, ТОГАШ ПРИМЕНАТА НА СТРАНСКИ ЗАКОН ВО ДОГОВОРИТЕ НЕМА ДА ВАЖИ ЗА ВАС. Страните се согласуваат дека со ова Конвенцијата на Обединетите Нации за договори за меѓународна продажба на стоки е исклучена во целост од примената на овој Договор.
Вие неотповикливо се одрекувате од каков било приговор врз основа на местото на судење, forum non-conveniens или други слични основи и неотповикливо се согласувате да приложите копии од документите по пошта или на друг начин дозволен со важечкиот закон и неотповикливо се согласувате и ја прифаќате јурисдикцијата на судовите лоцирани во Англија и Вие и BlackBerry се согласувате за персонална јурисдикција во тие судови. Ако судовите во Вашата јурисдикција не Ви дозволуваат да се согласите за јурисдикцијата и местото на судење на погоре споменатите судови, тогаш Вашата локална јурисдикција и место на судење ќе важат за спорови кои што произлегуваат од или се поврзани со овој Договор. Страните специфично се согласуваат дека споровите нема да се решаваат со судење со порота и со ова се откажуваат од сите права на судење со порота во секоја работа поврзана со или која произлегува од овој Договор. Ниеден спор помеѓу Страните или вклучување на друго лице освен Вас, не може да се спои или да се комбинира заедно, без претходна писмена согласност од BlackBerry.
Ништо што е погоре наведено нема да ја спречи ниедна Страна да бара судско или друго правично ослободување во кој било суд од надлежна јурисдикција. Особено, BlackBerry има право да поведе судска или правична постапка, вклучително постапки со кои се бара судски налог (или таков еквивалентен правен лек во Вашата јурисдикција), во суд за побарувања или спорови во врска со: (i) износи кои Вие му ги должите на BlackBerry во врска со Вашето купување на Вашата BBM Solution или кој било нејзин дел, ако е применливо; и (ii) Вашето прекршување или закана од прекршување на деловите од овој Договор насловени како "Правила за употреба на Вашата BBM Solution" (Дел 2), "Употреба на Софтверот" (Дел 3), "Интелектуална сопственост" (Дел 9), "Рестрикции на извоз, увоз и употреба и лиценци на Американската влада" (Дел 10), " Безбедност, сметки и лозинки " (Дел 11), "Доверливост и отсуство на обратен инженеринг" (Дел 12), и "Ефект на раскинувањето " (Дел 15). АКО СТЕ ЖИТЕЛ НА ФРАНЦИЈА И АКО СТЕ ПОТРОШУВАЧ СПОРЕД ФРАНЦУСКИОТ КОДЕКС НА ПОТРОШУВАЧИ, ТОГАШ ПОТЦЕНУВАЊЕТО НА ЈУРИСДИКЦИЈАТА И ПРОЦЕДУРИТЕ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ВО ДОГОВОРИТЕ СО ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ФРАНЦУСКИОТ ЗАКОН НЕМА ДА ВАЖАТ ЗА ВАС. АКО СТЕ ЖИТЕЛ НА ЛУКСЕМБУРГ И СТЕ ПОТРОШУВАЧ СПОРЕД ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН ВАШИТЕ СО ЗАКОН ПРОПИШАНИ ПРАВА, СОГЛАСНО ОДРЕДБАТА НА СОВЕТОТ (EC) Бр. 44/2001 ОД 22 ДЕКЕМВРИ, 2000 ГОДИНА ЗА ЈУРИСДИКЦИЈАТА И ПРИЗНАВАЊЕТО И ПРИМЕНУВАЊЕТО НА СИЛА НА ПРЕСУДИТЕ ЗА ГРАЃАНСКИ И КОМЕРЦИЈАЛНИ РАБОТИ, НЕ СЕ ЗАСЕГНАТИ.
(e) Можност за одвојување. Доколку се утврди дека некој дел, клаузула, одредба или реченица или дел од нив ("Дел") од овој Договор се незаконски, невалидни или неприменливи од страна на надлежен орган во која било јурисдикција, тогаш ваквата определба на тој Дел нема да влијае врз: (i) законитоста, валидноста или применливоста на останатите Делови од овој Договор; или (ii) законитоста, валидноста или применливоста на тој Дел во која било друга јурисдикција, и тој Делот ќе биде ограничен, ако е можно, и само после тоа одвоен, по потреба, до степен до кој е потребно за да се направи Договорот валиден и применлив.
(ф) Јазик. Ако овој Договор се преведува на јазик кој што не е англиски, англиската верзија ќе важи во случај на конфликт или дискрепанца во значењето помеѓу англиската верзија и нејзиниот превод. Освен и само ако е забрането со закон во Вашата јурисдикција, секое и сите несогласувања, спорови, посредување, арбитража или парница во врска со овој Договор ќе бидат спроведени на англиски јазик, вклучително целата кореспонденција, доказни материјали, поднесоци, пријави, одбрани, вербални одбрани, аргументи и налози или пресуди.
(г) Целиот Договор. Овој Договор (кој што заради целите на кои било додатоци кон него, а во врска со предметот на тие додатоци, ќе ги вклучуваат условите на додатоците), го сочинува целиот Договор помеѓу Страните во поглед на неговиот предметот и нема одредби, спогодби, соопштенија, изјави, гаранции, ветувања, колатерални договори или договори помеѓу Страните во врска со Софтверот освен оние кои се утврдени во овој Договор. И покрај погоре изнесеното, употребата на други делови од Вашата BBM Solution може да се регулираат со други договори помеѓу Страните. Овој Договор ги заменува сите претходни или истовремени одредби, спогодби, соопштенија, изјави, гаранции, ветувања, колатерални договори и договори помеѓу Страните, без разлика дали усни или пишани, во врска со предметот на овој договор и Вие потврдувате дека не сте се потпреле на ништо од погоре изнесеното кога сте се согласиле да го склучите овој Договор. Овој Договор може да биде изменет и дополнет во секое време со заеднички договор помеѓу Страните. Освен до степен до кој BlackBerry е изрично спречен според важечкиот закон, BlackBerry и понатаму го задржува правото, во рамките на своето дискреционо право, да прави евентуални измени на овој Договор, како и да ги одразува измените во или потребни според законот (вклучително, измени кои ќе обезбедат применливост на овој Договор) или измени во деловните пракси, така што ќе Ве извести за измената или по електронски пат (како што е предвидено со одредбата за Известување погоре) или со постирање на известување за измената на http://www.blackberry.com/legal и затоа Вие треба редовно да го посетувате тој сајт. Ако Вие и понатаму ја користите BBM Solution подолго од шеесет (60) дена откако е дадено известувањето за измена, тогаш ќе се смета дека Вие сте ги прифатиле тие измени. Ако сте во недоумица за измената(-ите), Ве молиме воспоставете контакт со legalinfo@blackberry.com во рок од шеесет (60) дена од денот кога известувањето за измената(-те) е дадено за да ги проверите Вашите опции.
(х) Усогласеност со Законите. Вие, на Ваша сметка, ќе ги обезбедите и ќе ги одржувате сите лиценци, регистрации и одобренија кои што ги бараат владините органи или важечкиот закон во Вашата јурисдикција за извршување и спроведување на овој Договор или кои било поврзани договори за лиценци. Посебно и заради избегнување на сомнение, Вие ќе ги почитувате сите важечки закони и прописи за инсталирање и употребата на Вашата BBM Solution, и ќе ги обезбедите сите потребни лиценци, регистрации и одобренија од надлежните владини органи за увоз и употреба на кој било Софтвер кој што содржи комерцијална енкрипција или друга безбедносна функција потребна согласно важечкиот закон. Вие ќе му дадете на BlackBerry гаранции и официјални документи кои што BlackBerry може повремено да Ви ги побара за да го потврди Вашето исполнување на оваа обврска. Покрај погоре наведеното, бидејќи до одредени Услуги и Услуги на Трета страна може да се пристапи глобално, ако Вие одберете да пристапите до Услугите или Услугите на Трета страна од локации кои што не се земјите за кои што BlackBerry или важечката трета страна ги назначува тие Услуги или Услуги на Трета страна, Вие тоа го правите на Ваша лична иницијатива и Вие сте одговорни за почитувањето на сите релевантни закони и прописи, вклучително оние кои што се поврзани со извозот, увозот, употребата, пренесувањето и / или комуникација на важечката Услуга или Услуга на Трета страна, и поврзаната Содржина, Предмети на Трета страна или Софтвер. Понатаму, BlackBerry не изјавува дека BBM Solution и Предметите на Трета страна се поврзани со или ставени на располање преку една Услуга(-и) се соодветни или достапни за употреба на сите локации. Вие се согласувате дека нема да симнувате или на друг начин да пристапувате до Софтверот или Предметите на Трета страна, или да се обидете тоа да го направите, од локации од кои ако тоа го направите ќе биде незаконски. Покрај погоре изнесеното, ако важечкиот закон ви забранува да ги користите функциите за видео / или гласовни повици како што се функциите за видео или гласовни муабети на BBM Solution, вклучително затоа што муабетите помеѓу другари, видеото или функциите засновани врз интернет не се дозволени во Вашата јурисдикција, затоа што Вие сте помлади од пропишаната возраст, или заради законите кои се однесуваат на Службите за итни случаи, тогаш вие не можете да симнувате или да ги користите овие карактеристики или производи на BBM Solution и / или Ваша одговорност е да направите алтернативни аранжмани за да пристапите до Службите за итни случаи.

(и) Проширени значења. Терминот "вклучува" или "како што е" ќе се толкува како да значи "вклучува без ограничување" и "како што е без ограничување", зависно од случајот.

ДОКОЛКУ ИМАТЕ ПРАШАЊА ИЛИ НЕДОУМИЦИ ВО ВРСКА СО УСЛОВИТЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР, ВЕ МОЛИМЕ СТАПЕТЕ ВО КОНТАКТ СО BLACKBERRY НА legalinfo@blackberry.com.

Покрај употребата на Вашите лични информации како што е утврдено во Договорот и Политиката за приватност на BlackBerry (види на www.blackberry.com/legal), Вие и Вашите Овластени Корисници се согласувате и дозволувате BlackBerry Group of Companies и провајдерите на нејзините услуги да ги Обработуваат Вашите лични информации и личните информации на Вашите Овластени Корисници како што е дефинирано според важечкиот закон на во согланост со и за целите кои што се дозволени според овој Договор и Политиката на приватност на BlackBerry; вклучително, согласност и дозвола за следното од страна на BlackBerry Group of Companies и провајдерите на нејзините услуги во поглед на понудите или услугите кои што се потпираат врз информации за локацијата со користење на GPS или слични сателитски услуги (онаму каде што е можно) или прометни точки за пристап до Wi-Fi и локации на предаватели и кои што може да вклучуваат маркетинг и рекламирање засновани на локацијата. На пример, онаму каде што се достапни одредени карактеристики на BBM Solution може да ви овозможи Вие да ја споделите Вашата локација со вашите контакти или тие да ве лоцираат или да ви испратат порака. BlackBerry Group of Companies не ги задржува овие информации во форма која што лично идентификува еден корисник, и може да ги користи овие информации за да ви обезбеди и да ги подобри услугите засновани врз локацијата кои што се обезбедуваат од страна на, или во името на BlackBerry Group of Companies или оние кои што се обезбедуваат од Услуги на Трета страна кои што се користат со Вашата BBM Solution. BlackBerry Group of Companies може, исто така, да ги користи овие информации за да создаде податоци кои што се собрани или направени анонимни за да направи рекламирање засновано на информации и рекламирање чувствително за локацијата. Кога користите Услуги на Трета страна кои користат или обезбедуваат податоци за локацијата, Вие подлежите на, и мора да ги разгледате овие услови и политика за приватност на третата страна за употребата на податоците за локацијата од страна на Услугите на Трета страна, и Вие мора внимателно да ги разгледате пред да се согласите информациите за Вашата локација да бидат обелоденети на други лица.

Согласност за собирање, користење, обработка, пренесување, чување и обелоденување (збирно, "Процес" или "Обработка") на информации.

Личните информации кои што се Обработувани од страна на BlackBerry Group of Companies и провајдерите на нејзините услуги ќе се третираат во согласност со Политиката за приватност на BlackBerry (која што овде е инкорпорирана со упатување во овој Договор и може да се види на www.blackberry.com/legal или да се добие со праќање на и-меил до legalinfo@blackberry.com). Ако Вие сте во Европската заедница или во земја во Европската економска зона, онаму каде е применливо, контролорот на податоци во поглед на Вашите лични податоци е BlackBerry ентитетот со кој што Вие сте го склучиле овој Договор.

(а) Лични информации. Вашето користење на BBM Solution (или кој било нејзин дел), вклучително инсталирањето и / или употребата на Софтверот, или поврзаните Airtime Services, или создавањето на BlackBerry ID, може да резултира во Обработка на личните информации како што е дефинирано според важечкиот закон за Вас, или ако Вие сте корпорација или друга форма на правен ентитет, Вашите вработени и други поединци кои што Вие сте ги овластиле да ја користат Вашата BBM Solution во Ваше име (збирно, "Корисници") од страна на BlackBerry Group of Companies и провајдерите на нејзините услуги, Вашите провајдери на Airtime Service, и трети страни со производи или услуги кои што се користат со Вашата BBM Solution. Во зависност од користените Услуги, личните информации може да вклучуваат информации како што се име, прикажана слика, статус и лични пораки, и-меил адреса, телефонски број, префериран јазик, BlackBerry ID, овластувања и подесувања на сметка, информации за Уредот (на пример, идентификатори на уредот и модел на Уредот), земја и временска зона, информации за Провајдерот на Airtime Service, и информации за употребата на функцијата на Вашата BBM Solution и Услугите или софтверот и хардверот кои што се користат во спрега со Вашата BBM Solution. Во зависност од достапноста на карактеристиките на BBM Solution, BBM Solution може да пристапи до информации од адресарот, податоците за локација на уредот, календарот, фотографиите, потсетниците и тие да бидат Обработени од страна на BlackBerry за да обезбедат функција која што ги користи овие информации како дел од, или во спрега со BBM Solution (на пример, да ви се овозможи да испратите "Препорачувам BBM" и-меил или SMS до контактот(-ите) во Вашиот адресар). Вие се согласувате дека BlackBerry Group of Companies може да собира вакви лични информации од Вас директно или да ги добие од Провајдерите на Airtime Service или трети страни со производи или услуги кои што се користат со Вашата BBM Solution. Ако сте корпорација или друг правен ентитет, Вие ќе се осигурате дека сте ги обезбедиле сите потребни согласности и овластувања за да се согласите и да давате согласности кои што се бараат според овој Дел бидејќи тие се поврзани со личните податоци на Вашите Корисници кои што се собрани преку нивната употреба на Вашата BBM Solution.

(б) Цели. Во согласност со Политиката за приватност на BlackBerry, личните информации може да бидат Обработувани од страна на BlackBerry Group of Companies и нивните провајдери на услуги за целите поврзани со (i) разбирање и задоволување на Вашите потреби и преференции и со цел да бидете снабдени со Вашата BBM Solution и BlackBerry ID; (ii) развивање на нови и подобрување на постојните производи и услуги, како и со цел да бидете известени за нив; (iii) менаџирање и развивање на бизнисот и операциите на BlackBerry Group of Companies; и (iv) исполнување на законските и регулаторните барања. Понатаму, BlackBerry може да им ги стави на располагање или да им ги испрати на Корисниците ажурирањата и надградбите, или известувања за ажурирања или надградби, за Софтверот, или за други производи и услуги на BlackBerry, за Софтвер на Трета страна, Содржина на Трета страна или Услуги на Трета страна и поврзани производи или услуги.

(ц) "Облачни" Услуги. Вие потврдувате дека BBM Solution ги прави достапни облачните ("cloud based") пораки и други услуги кои што може да вклучуваат далечински пристап, чување или бекап функција обезбедена од страна на BlackBerry Group of Companies или од нивните провајдери на услуги и Вие се согласувате дека со користење на ваквите услуги, информациите кои што Вие ги внесувате, ги обезбедувате или ги интегрирате со ваквите услуги (на пример, прикажани имиња и слики, пораки за статусот, список на контакти или информации за групи, календар, или други информации на уредот како што се задачи и фајлови за медиуми) може да бидат Обработени од страна на BlackBerry Group of Companies заради овозможување на услугите кои што се нудат во согласност со Вашиот Договор(-и) со BlackBerry, и Вие изјавувате и гарантирате дека ги имате сите потребни согласности за обезбедување на вакви податоци за BlackBerry.

(д) Социјална функција. BBM Solution вклучува "социјална функција" која што Ви овозможува да бидете најдени и да се поврзете со други поединци и да го подобрите или зголемите Вашето искуство со Услугите или софтверот, или со Софтвер на Трета страна или со Услуги на Трета страна кои што се интегрирани во социјалната функција ставена на располагање од страна на BlackBerry. Ако користите ваква функција, Вие се согласувате Вашата достапност за интеракција или за поврзување со другите да им биде предочена на другите, а вашиот профил, прикажани имиња, прикажани слики, пораки за статусот, статусот на членството и други идентификатори или информации да може тие поединци да ги гледаат и да коментираат за нив. На пример, ако Вие користите една Услуга или Услуга на Трета страна која што е интегрирана во социјалната платформа на BBM, Вие се согласувате дека, кога ваквата функција постои: (i) контактите од Вашиот BlackBerry Messenger може да видат дали Вие користите ваква Услуга или Услуга на Трета страна; (ii) Вашите контакти може да го гледаат Вашиот профил и софтверот и Содржината (како што се игри, музика или други медиумски фајлови, зависно од Услугата или Софтверот на Трета страна ) кои што Вие сте ги симнувале, консумирале или кои што се достапни за споделување како дел од Вашата употреба на Услугата или Услугата на Трета страна, како и коментарите кои што Вие или другите ги прават за нив; (iii) кога Вие оставате коментари за Вашите контакти или за софтверот или Содржината која што тие ја симнувале или ја користеле како дел од нивната употреба на Услугата или Услугата на Трета страна, информациите за Вас (како што се Вашите коментари, корисничко име на профилот, и прикажаната слика) може да им бидат прикажани на другите контакти на тој поединец; и (iv) Услугата или Услугата на Трета страна може да вклучува автоматска функција која врши анализа за да развие препораки врз основа на Вашите преференции и користењето на Услугата или Софтверот. Ве молиме да ги штиклирате достапните опции за подесување на важечките Услуги или Софтвер за достапни опции за да ја прилагодите достапноста или подесувањата на приватноста за ваквите Услуги или Софтвер.

(е) Интеграција со Услуги на Трети страни. BBM Solution може да бара да функционираат Услуги на Трети страни (на пример, Airtime Services). Ако одлучите да ја интегрирате или поврзете Вашата BBM Solution со Услуги на Трета страна (на пример, услуги кои ја овозможуваат Вашата употреба на Вашата BBM Solution во врска со социјалното мрежно работење или други услуги кои што ги нудат трети страни), Вие го овластувате BlackBerry да ги користи Вашите овластувања за пристап до Услугите на Трета страна во Ваше име и да ги Обработува Вашите лични информации во врска со ваквите Услуги на Трета страна со цел да го овозможи Вашиот пристап до ваквите Услуги на Трета страна заради Ваши лични и / или домашни цели. Обработените информации може да вклучуваат: (i) Вашиот BlackBerry ID или ID на друга важечка сметка, лозинка(-и), токени за автентификација или други овластувања за секоја ваква услуга на трета страна или друга сметка(-и) кои Вие ги интегрирате во Вашата BBM Solution; (ii) информации од профилот на Вашата сметка (на пример, BlackBerry ID, Вашата изложена слика, изложено име, лична порака, статус на достапност, земја, временска зона, уникатни идентификатори на уредот итн.); (iii) информации за контакти во уредот; (iv) индикација за тоа кои апликации или услуги на трета страна Вие сте ги поврзале на Вашата сметка на софтверот; и (v) податоци за сесиите кои произлегуваат од Вашата употреба на апликации или услуги на трета страна кои што Вие сте ги поврзале на Вашата сметка на софтверот (на пример, високи скорови кои што Вие сте ги постигнале во поврзана игра или апликација на трета страна за прикажување во кутијата на профилот на Вашата сметка на софтверот, податоци за инстант пораки кои резултураат од разговорите во инстант пораките кои што Вие сте ги направиле во рамките на поврзана апликација или услуга на трета страна и кои биле овозможени со функцијата на софтверот за инстант пораки, итн.). Вие, исто така, го овластувате BlackBerry да им ги обелоденува личните информации на важечките провајдери на Услуги на Трета страна (вклучително Провајдери на Airtime Services) заради активирање, наплата, купување, сервисирање, одржување и деактивирање. Ваквите Услуги на Трета страна до кои е пристапено не се под контрола на BlackBerry. Ако Вашите лични информации се обелоденети на Вашиот Провајдер на Airtime Service, или трети страни со производи или услуги кои што се користат со Вашата BBM Solution, тоа подлежи на важечкиот Договор(-и) и политиките за приватност на тие трети страни, а Вие треба да ги разгледате тие услови пред да користите Услуги на Трета страна и Софтвер на Трета страна. Вие треба да ги разгледате опциите или менито за помош на софтверот на Вашиот уред, како и Софтверот со цел да дознаете повеќе и доколку има можност, да ги прилагодите дозволите кои што ги давате и достапните контроли на ваквите Услуги на Трета страна и Софтвер на Трета страна.

(ф) Колачиња и слични технологии. BlackBerry Group of Companies може да користи "колачиња" (мали делови од податоци зачувани на Вашиот Уред) или слични алатки кои што користат анонимни информации за да Ви овозможат да се најавите за одредени услуги со цел да бидете заштитени и Вие и BlackBerry, да помогнат Услугите да бидат полесни за користење или да го прилагодат Вашето искуство или за аналитика со цел да ни помогнат да разбереме како корисниците ги користат нашите Услуги и BBM Solution и да се подобрат нивните карактеристики.

(г) Поддршка и Уверение за квалитет. Ако стапите во контакт со BlackBerry за поддршка, или ако испратите дијагностички или други технички информации до BlackBerry преку и-меил или алатки за логирање обезбедени од страна на BlackBerry за вакви цели, Вие се согласувате дека BlackBerry Group of Companies може да собира технички информации како што се идентификатори на Уредот, ID на хардверот и бројот на моделот, статусот на меморијата, оперативниот систем и информациите за средината, статусот на батеријата, Wi-Fi/WLAN, радио или безжична јачина и конекции, список на инсталирани апликации, информации за користење на апликации, податоци во врска со процеси кои што се одвиваат и конфигурација на уред, настани во рамките на системот и други информации во врска со состојбата на Вашиот Уред и Софтверот на Вашиот Уред кои што може да бидат корисни за дијагностицирање. Ваквите информации ќе се користат за целите на откривање на проблеми, поддршка на потрошувачи, надградувања на софтвер, и подобрување на производите и услугите на BlackBerry во согласност со Политиката за приватност на BlackBerry. Ако анализата покаже дека е вклучен производ на трета страна, BlackBerry може да испрати одредени дијагностички или технички информации до третата страна продавач на производот како дел од процесот на откривање на проблемите. Вие потврдувате и се согласувате да се снимаат повиците до BlackBerry и до провајдерите на неговите услуги заради обука, обезбедување квалитет, опслужување на клиенти и препорака.

(х) Чување на пораки. Содржините на пораките кои што се испорачани од страна на BBM Solution не се чуваат ниту архивираат од страна на BlackBerry во секојдневното работење. BBM пораките се испраќани преку услуги за податоци до серверите со кои што BlackBerry работи или кои што работат во име на BlackBerry и се упатени до примателот (примателите), ако примателот (примателите) се онлајн. Кога пораката е испорачана, таа повеќе не останува на нашите сервери. Ако примателот (примателите) не се онлајн, неиспорачаната порака се чува на серверите со кои што BlackBerry работи или кои што работат во име на BlackBerry сé додека не се испорачаат најдоцна до 30 (триесет) дена, а потоа неиспорачаните пораки се бришат од нашите сервери. Содржините на кои било испорачани пораки не се чуваат ниту задржуваат од страна на BlackBerry, и тие остануваат директно на уредите на испраќачот или на примателот сé додека тие корисници не ги избришат. И покрај горе наведеното, BlackBerry може да задржи детали за трансакции поврзани со пораките и Уредите (на пример, информации за датата и времето на успешно испорачаните пораки и Уредите вклучени во пораките), како и кои било други инфорации за кои што BlackBerry е законски принуден да ги собира. Пораките кои што се испратени преку BBM Solution ќе останат на нашите сервери краток временски период по испораката, и тие се бришат и од нив се отстрануваат идентификациски информации во краток временски период во согласност со нашите општи политики за чување.

(и) Меѓународни трансфери. Вие се согласувате, со цел да обезбедите BBM Solution (вклучително облачен / "cloud based" и далечински пристап, чување или бекап функција), BlackBerry Group of Companies да ги Обработува податоците, кои што во одредени случаи може да вклучуваат лични информации и содржина на комуникациите, на сервери со кои што работи BlackBerry Group of Companies или со кои што се работи во нејзино име во и надвор од јурисдикцијата во која Корисниците се сместени, вклучително, во Канада, Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство или други земји во Европската Економска Зона, Сингапур или други земји во Азиско-Пацифичкиот регион, Обединетите Арапски Емирати или други земји во регионот на Среден Исток или други земји каде што има капацитети кои што ги води BlackBerry Group of Companies или кои што работат во нејзино име. Ако Корисниците се жители на Европската Економска Зона или која било јурисдикција каде што е потребна согласност за пренесување на лични информации надвор од таа јурисдикција или регион, Вие се согласувате за ваквата Обработка и гарантирате дека сте ги обезбедиле сите согласности кои што се потребни според важечкиот закон од Вашите Корисници за тоа да го направите.

Податоци за корисниците.
Покрај какви било обелоденувања дозволени според горе изнесениот Дел, Вие и Вашите Корисници се согласувате BlackBerry Group of Companies да има пристап, да ги чува и обелоденува Вашите и податоците на Вашите Корисници, вклучително лични информации, содржини на Вашите комуникации или информации за користењето на Вашата функција BBM Solution и услугите или софтверот и хардверот кои што се користат во спрега со Вашата BBM Solution кога е тоа достапно за BlackBerry ("Податоци за корисници"), на трети страни, вклучително странски или домашни владини ентитети, без да бидете известени според законите на земјите каде што е лоцирана BlackBerry Group of Companies и нејзините провајдери на услуги, други партнери и подружници со цел: (i) да го почитуваат законскиот процес или важечкото владино барање или ако поинаку е пропишано според законот; (ii) да соработуваат со трети страни во истражни постапки во случај на прекршување на овој Договор; или (iii) да соработуваат со системски администратори кои што работат кај провајдери на интернет услуги, мрежи или компјутерски капацитети со цел да се примени овој Договор. Вие гарантирате дека сте ги обезбедиле сите согласности кои што се потребни според важечкиот закон од Вашите Корисници за да им ги обелоденувате Податоците за Корисниците на BlackBerry Group of Companies и за BlackBerry Group of Companies да собираат, користат, обработуваат, пренесуваат и / или обелоденуваат вакви Податоци за Корисниците како што е погоре опишано.